Да бевме правна држава обвинителството веќе ќе отвореше случај за индициите дека Зоран и Вице Заеви го рекетирале бизнисменот Тошевски

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Да бевме правна држава, а не сме, тоа секој го гледа, Обвинителството уште кога се емитуваше јавната емисија на еден национален медиум требаше по допрен глас да отвори случај за индициите дека Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев вршел рекет врз бизнисменот Киро Тошевски, кој што јавно тоа го кажа.

Јавното признание кое што беше посочено од страна на бизнисменот Тошевски во петокот на еден национален медиум, говори дека тој лично бил цел на закани, уцени и навреди од страна на братот на премиерот, Вице Заев со цел да му се обезвредни атрактивен имот и истиот да биде купен по багателна цена. Посочено беше дека бил повикуван на разговори во еден струмички угостителски објект, а дополнително бил контактиран и од самиот Зоран Заев.

Ова е крајно скандалозно.

Бизнисменот говори дека со административни постапки во општина Гази Баба, кај што градоначалник е од редовите на СДСМ му бил континуирано обезвреднуван имотот со крајна цел тој да заврши во рацете на Заеви.

Овие индиции ниту Зоран Заев ниту Вице Заев, ниту било кој друг повикан до сега не ги негираше јавно како што беа изнесени јавно. Се обидуваат ваков скандал да го сокријат под тепих, како и многу други до сега.

Да биде скандалот поголем во емисијата беше посочено дека постои спрега помеѓу директорот на финансиска полиција Муареми, фамилијата Заеви, Кирацовски, но и веќе обвинетите Катица Јанева и Боки 13 со која се врши притисок врз неколку бизнисмени во Република Македонија, состојба од која некој има дебела финансиска корист.

Кога ќе отворат истрага од обвинителството на Јовевски за овој случај по допрен глас? Кога ќе ги повикаат сите инволвирани во овој случај на РЕКЕТ да дадат своја изјава и да се доведе целиот случај до самиот крај?

Ова е веќе нов аспект на случајот Рекет кој има свое продолжение во вид на урбанистички рекет, за кој постојат и сериозни индиции и сериозни сомнежи., но и јавни наводи од страна на жртва. Обвинителството за ова молчи исто како што молчеше и за случајот рекет се дури не излегоа доказите во медиуми.

Зоран Заев по се изгледа е дебело загазен во криминалите кои што ги правел Боки 13, Катица Јанева, но новите ликови со кои се шират приказните со нови и нови ликови од неговото блиско опкружување.

Криминалниот октопод, ако не сака ова обвинителство на Русковска и Јовевски да го разобличи, ќе биде разобличено после 12 април, кога ќе заврши политичкиот притисок кој што го врши Заев врз правосудството

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...