Успеси за власта се милионските рекети и заташкувањето на криминалните случаи

Соопштение до јавноста – реакција на писмото на Зоран Заев

Зоран Заев бара од граѓаните да ги спомнуваат успесите на оваа влада, во време кога не само граѓаните, туку и странските медиуми зборуваат за криминалот, рекетот и корупцијата кои стана заштитен знак за Македонија под власта на Зоран Заев.

Ако тоа го смета за успех, тогаш успеси се следниве работи:

Успех на власта на Зоран Заев е да се случува милионски рекет скоро цела година, и тоа под закрила на врвот на власта, а да нема кој да ги заштити граѓаните, а нема зошто Зоран Заев е диригентот, тој е главата на октоподот.

Успех на власта е и заташкувањето на Рекет 2. Случај за барање мито тежок 11 милиони евра, каде вплеткан е врвот на власта.

Успех за Македонија е и кога генералниот секретар на владата ќе ги нарече Италија и Шпанија циганска држава, но и кога ќе прави криминал од неколку милиони евра, а за тоа ќе има заштита лично од Зоран Заев.

Успех за Зоран Заев очигледно е и кога граѓани умираат зошто ФЗОМ и министерството за здравство не им одобруваат пари за лекување или операција во странство, а буџетот на овие институции се користи за тендери со кои се полнат џебовите на семејството на власт.

Успеси на Зоран Заев и СДСМ се сите нерасчистени убиства, иселени млади, напуштени села и градови.

Успесите на Зоран Заев и СДСМ се црната реалност која ја живеат граѓаните кои ги немаат скапите розеви наочари на Зоран Заев.

За ваквите успеси не треба работа туку криминален ум како Заев.

Црнилото наскоро си заминува. По 12 април следува обнова на Македонија.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...