Нацев: Шеќеринска упати несоодветен персонал во последната мировна мисија во Авганистан

Интегрален текст од изјава за медиуми – Александар Нацев

Почитувани,

НАТО значи професионализам, ред и процедури, а не политизација, субјективизам и корупција.

Со начинот на кој што Радмила Шекеринска го води Министерството за одбрана, го загрозува угледот кој Армијата на Република Македонија го градеше со години.

Скандал го тресе Министерството после испраќањето на последната воена мисија во Авганистан.

Со лична, партиска и политичка, а не професионална одлука, Шекеринска упати несоодветен персонал во последната мировна мисија.

За тоа колку е мотивиран и професионален персоналот што го испраќа во Авганистан говори и фактот што дел од кандидатите воопшто не биле заинтересирани, ниту се јавиле на конкурсот распишан од министерството.

Значи, дел од кандидатите кои Шекеринска ги испраќа ниту ги имаат поминато здравствените и физичките тестови предвидени со конкурсот, ниту за нив е направена проверка дали ги поседуваат соодветните НАТО сертификати, ниту е утврдено дали го познаваат англискиот јазик на неопходното ниво од 70%.

Скандалозно!

Да се исфрлаат професионалци кои го минале конкурсот и на нивно место да се ставаат партиски послушници е огромен удар врз армијата. Не само што ги демотивира професионалците кои сакаат и можат да одговорат на задачите, туку заради несоодветната селекција ги доведува во ризик сите членови на мировната мисија во Авганистан, вклучувајќи ги и нашите партнери.

Дали за министерката за одбрана е доволно нејзиниот кандидат да е само партиски активист на СДСМ или да е дел од коалицијата на власт?

Ваквиот однос на Шекеринска кон армијата е само продолжение на нејзиниот предлог за дополна и измена на законот за служба во Армијата во делот на поставување и унапредување на офицери во повисоки чинови. Со тој предлог Шекеринска би го заокружила целокупниот процес на ПАРТИЗАЦИЈА на Армискиот состав  т.е директно врши упад во системот на командување и контрола на Генералштабот во Армијата.

Бараме Јавното обвинителство и надлежните институции во Република Македонија да ги испитаат сите овие наводи зашто се прекршуваат процедурите во изборот и упатувањето на персоналот во мисија. Дали позадината на ова е корупција и земање на мито под закрила на министерката за одбрана?

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...