Одговори на новинарски прашања на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Господине Николоски, минатата недела излезе скандалот за централата ТЕ-ТО, во кој постојат сериозни индиции за перење на пари кој ги извлекол од Македонија рускиот олигарх Леонид Лебедев и со тоа и наштетил на акционерите во оваа компанија. Но, постои очигледна вмешаност на луѓе од Владата, како премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Ја следите ли оваа работа? Кој е вашиот коментар како партија и вашиот став?

Одговор: Апсолутно дека ја следиме, го прочитавме тоа во медиумите. Беше и во вашиот медиум, беше и во други медиуми. Исто така видовме доста реакции на луѓе кои што биле и се акционери во топлификација и кои што се чувствуваат загрозени, односно, практично акциите им се обезвреднети. Она што не загрижува е што директно има инволвираност на највисоките луѓе од власта. Индикативен е судирот на интереси со потпретседателот на владата, кој што тргувал со електрична енергија заедно со оваа компанија. А најиндикативно е што на вака изнесени факти и аргументи во јавноста, сеуште нема никаква реакција ниту од министерството за внатрешни работи нити од Јавното обвинителство. Ги повикуваваме да постапат соодветно на законските надлежности кои што ги имаат, затоа што за две до три недели ќе има промени во министерството за внатрешни работи и ќе може да се види што се прикривало, а што се работело како што треба да се работи. Ниеден криминал не останал скриен, нема да остани ни овој криминал скриен и треба во корист на граѓаните да постапат институциите со цел да се разреши. Имаме даночна евазија, и исто така имаме загрозување, практично, на поголем дел од Скопје кој што добива топлинска енергија од компаниите поврзани со оваа компанија, која што ја спомнавте.

Прашање: Господине Николоски, од власта обвинуваат дека опозицијата со поднесените, околу девет илјади амандмани за законите за Јавно обвинителска служба и Академија за судии и обвинители и изборниот законик, дека фактички ги блокира процесите на реформите и се однесува недржавнички и неевропски. А, покрај тоа, еве, се најавува дека можно е, СДСМ да ја преиспита коалицијата со ДУИ. Какви се вашите мислења за овој процес?

Одговор: Во однос на изборниот законик, мислам дека доволно кажав во воведниот дел, јасно е какви се работите таму. Слично е и по однос на законите поврзани со правосудството. Најголем проблем на Република Македонија, во овој момент, е нефункционалното судство и обвинителство, и за тоа зборуваме скоро секој ден. И вие на сила туркате решенија, без основен разговор, еве не мора ни до консензус да стигнеме, со опозицијата, повторувам, во услови на две недели пред формирање на техничка Влада, е ништо друго освен едностраност. И, уште една работа тука би сакал да нагласам, во последните неколку дена во Собрание, вкупно се стигнати преку 180 закони по скратена постапка. 180 закони кои се стигнати во собранието. Кој има време да ги прочита, кој има време да ги издебатира. Ако во минатото, СДСМ беше критичар на одредени лоши практики на брзо носење на закони, со кои што јас тогаш се согласував и учествував во измените на деловникот, со цел тоа да се спречи, сега гледаме дека наоѓаат начин да го изиграат деловникот и да, практично, овогодишни божикни и новогодишни празници, се обидат да истуркаат 180 закони, кои што се во корист на СДСМ но не во корист на граѓаните. И кои што никој не може соодветно да ги прочита, а камо ли експертски да ги издебатира, а има и многу сериозни законски решенија таму. Наша можност, единствено што можеме да направиме како опозиција, е да се обидеме да тој процес го блокираме за да ни се остави доволно временски период да можеме да ги проучиме законските решенија. Тоа може да се направи низ човечки разговор и да се истите повлечат и да се издебатира за истите, затоа што има консензус може да оди пред избори, не е проблем. За сето останато да се продискутира откако ќе се види волјата на граѓаните. Но затоа што СДСМ нема таква волја, нас ни останува овој демократски механизам, кој што го дава секоја демократија. А тоа е, “фили бастеринг“, односно блокирање на работата на Собранието.

Прашање: Во однос на коалицијата со ДУИ и СДСМ?

Одговор: Тоа е работа на СДСМ и на ДУИ. Јас не би имал што тука да се мешам. Тие треба да си ги видат односите помеѓу себе. Таа е владејачка коалиција. Ние планираме да победиме на следните избори и да формираме Влада. Сега нека си ги решаваат работите помеѓу себе, како што е очигледо така ќе тераат. Прашањето на доверба е основно кога градите било каква соработка, а гледаме дека овдека, очигледно го нема.

           

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...