Јанушев: Набавката на хеликоптерски услуги во која се вмешани Заев и Рашковски е крајно сомнителна, обвинителство итно да реагира

Постојат сериозни сомнежи дека Зоран Заев и Драги Рашковски со склучување на договорот со САРХЕМС прават огромна штета на буџетот на Република Македонија изразена во десетина милиони евра. Затоа, бараме од ЈО итно да го истражи случајот и да поднесе соодветни кривични пријави, ова денеска преку свој статус на Фејсбук го истакна Игор Јанушев, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Рашковски дадоа 72 милиони евра на фирма без никакво искуство во областа, фирма која е формирана само 24 дена пред да биде распишан огласот. Целокупната постапка ја водеа сомнително. Почнувајќи од тендерската документација, која беше пресликана од физибилити студијата, до процесот на избор и склучување на договор, кој помина крајно нетранспарентно, иако станува збор за договор тежок 72 милиони евра. Трет ден Заев и Рашковски молчат откако го потпишаа договорот и не кажуваат кој ќе ги плати 72 милиони евра, дали директно буџетот или граѓаните преку покачени патарини и авионски услуги!? Што добиваат граѓаните од тие 72 милиони евра, колку летови се вкалкулирани, колку чини час лет, колку и кој ќе плаќа откако ќе се надмине бројот на прелети!?, прашува Јанушев.

Тој во својот статус додава дека набавката на хеликоптерски услуги е крајно сомнителна. Бараме ЈО да го расчисти случајот во најбрз можен рок. Доколку ЈО не реагира, треба да знае дека за сите незаконски дејствија ќе има одговорност по 12 април.

 

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.