СДСМ, преку Предлог измена на Закон за концесии и јавно приватно партнерство нуди штетно решение за зголемување на контото на коруптивни скандали

Интегрален текст од изјава за медиуми – Лилјана Кузмановска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Очигледно СДСМ нема намера да престане со носењето на катастрофални закони кои што единствено за цел имаат да им послужат за време на предвремените парламентарни избори, а не да се во корист на граѓаните.

Овој пат СДСМ, преку Предлог измена на Закон за концесии и јавно приватно партнерство нуди едно класично штетно решение за зголемување на контото на коруптивни скандали и кеш афери на актуелната власт.

СДСМ повторно прави проширување или оставање на простор за историски невидена манипулација и замка која се интегрира во законска процедура односно потреба за извлекување на пари од веќе склучени договори.

Преку овој закон СДСМ го злоупотребува правото на граѓаните и прави измена на законот за неполни 5 месеци и истовремено  најавува со измената дека парите ќе се пренаменат за инвестирање во објекти од јавен интерес.

Тоа недвосмислено укажува дека им се потребни средства, да ги надополнат празнините онаму каде недомаќински ги истрошиле.

Денес, 4 месеци, после измената и донесувањето  на  Предлог Закон за изменување и дополнување на Закон за концесии и јавно приватно партнерство  се предлагаат нови катастрофални измени на законот со што според претходно некаква направена анализа на проценка на економската оправданост за дел од предметот на концесијата, ќе се оцени дека нема повеќе економска оправданост, а по претходна обезбедена согласност од концесионерот, Влада на Република Македонија, може да донесе одлука за склучување на анекс, на договорот за концесија, за промена на намената на дел  од средствата, но само за инвестирање во објекти од јавен интерес, во висина на износот кој бил потребен за спроведување на тој дел од предеметот на концесија.

Новата измена на Предлог законот уште повеќе ги поткопува сомнежите за коруптивни скандали на сметката на Владата која се јавува како концедент или оној кој ја одобрува работата на приватниот партнер.

Дополнително, најголемиот скандал со овој закон се одредбите кои се однесуваат на можноста за склучување на анекс на договор на концесија и неговата примена од една година од денот на влегувањето во сила на законот. Поголема заблуда и сомнеж за корупција не постои. Ваквата форма, повлекува многу  учесници да прават криминал, кој не е забележан во ниту еден закон за концесии и јавно приватно партнерство од соседството.

Го повикуваме парламентарното мнозинство два пати да размисли пред да го гласа овој закон. Од сите страни слушаме дека како земја треба да се бориме против корупцијата и криминалот, но верувајте со вакви закони кои што ги предложува СДСМ, Македонија се повеќе и повеќе ќе тоне во криминал и корупција.

Гледаме дека власта не бира средства како да си обезбеди повеќе корист за предврамените парламентарни избори па секојдневно нуди законски решенија кои што ќе и штетат на европската интеграција на земјата и на интересите на македонските граѓани.

 

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....