Расипништвото на Заев и Ангеловска ги чини граѓаните 914 милиони евра за три години

Соопштение до јавноста

Расипништвото на Зоран Заев и Нина Ангеловска ги чини граѓаните 914 милиони евра за три години.

Зоран Заев и Нина Ангеловска во само еден ден задолжија државата за нови 300 милиони евра. Со што вкупната сума за која ја задолжиле државата скокна на 914 милиони евра.

Долгот порасна, а инвестиции нула. За цели 10 месеци од годинава власта реализирала само 40% од предвидените капитални инвестиции, односно 36% да не го направеа ребалансот.

Капитални инвестиции немаше ниту лани, ниту годината пред тоа, но задолжувања имаше.

Вкупниот долг на Македонија со Заев како премиер стигна фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра.

Нема инвестиции, но има криминални тендери и партиски вработувања.

Милионите земени на заем не се трошат за граѓаните, туку за партиската врхушка на СДСМ и луѓето покрај нив.

Расипништвото мора да запре. По 12 април ќе следува одговорност за секој денар потрошен од народната каса, потрошен на сомнителен начин.

 

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.