Мицкоски оствари средби со високи претставници од француското Министерство за надворешни работи и Европа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски денес во Париз, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК д-р. Игор Николов остварија две билатерални средби.

На првата средба се сретнаа со Директорот за Европа во Француското Министерство за Европа и Надворешни работи Фредерик Мондолини и раководителот на одделот Западен Балкан од Министерството за надворешни работи и Европа Томас Бертин. Втората билатерална средба беше со заменик директорот на Француското министерство за Надворешни работи и Европа Жан Клод Трибулет и раководителот на одделот за Европска Унија и надворешни односи Дамиен Кристофари.

На средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека стратешки приоритет преставува членството во Европската Унија и напредокот кој зависи од спроведените реформи и чекори кои ќе придонесат за унапредување на стандардот.

Воедно Мицкоски посочи дека мора да се спроведат брзи чекори кои ќе ја сменат реалноста во Македонија во однос на растечкиот криминал, корупција во највисоките ешалони, и нереформираниот правосуден систем кој денес го попречува нормалното функционирање на македонското општество.

Мицкоски посочи дека новата Влада по изборите на 12-ти април ќе има за задача да спроведе обнова која ќе опфати реформи, промени и борба против корупцијата, како и економски напредок.

-Неопходни се реформи кои ќе ја стимулираат економијата и унапредат стандардот, а воедно ќе се спроведе дигитализација во државната управа која ќе овозможи транспарентност и унапредување на квалитетот. Наместо премиерот да биде пречка за правдата, тој треба да биде промотор на правната држава, изјави Мицкоски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.