Мицкоски денес во Париз оствари посета на Француската стопанска комора

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес во Париз, Република Франција заедно со потпретседателот Александар Николоски, и д-р Игор Николов оствари посета на Француската стопанска комора, Медеф Интернационал, каде членуваат едни од најголемите Француски бизнис компании со работа распространета во повеќе од 150 земји во Светот.

На средбата претседателот Мицкоски посочи дека новата Влада која ќе следи по изборите на 12-ти април ќе биде заинтересирана за силна и продлабочена бизнис соработка и искористување на потенцијалите на Македонија во однос на странските компании кои ќе бидат насочени кон реализација на капитални инвестиции.

Фокус на новата Влада ќе биде отворање на добро платени нови работни места, но и развој на енергетски и технолошки проекти кои ќе обезбедат модернизација на економијата и општеството.

На средбата стана збор за неколку конкретни проекти кои беа предмет на интерес на Француските компании. Мицкоски посочи дека следува период на промени во Македонија и воспоставување одржлив систем на владеење со правото кој ќе гарантира сигурност на бизнис заедницата. Наш интерес е Македонија да ја претвориме во технолошки тигар на Балканот, преку процес на реформи кои ќе донесат економски бум, новата влада ќе работи за економски прогрес на сите граѓани, истакна на средбата претседателот Мицкоски.

 

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.