Ѓорчев се обрати во Сенатот на САД на парламентарниот форум за безбедност

Пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев е во работна посета на Вашингтон, каде што имаше свое обраќање во Сенатот на САД  на парламентарниот форум за безбедност на кој  учествуваат над 200  сенатори, конгресмени, парламентарци од околу 40 земји од светот.

Ѓорчев посочи дека ова е одлична можност да се зборува за Македонија и македонските позиции истакнувајќи дека земјата ја гради својата надворешна и одбранбена политика врз македонските интереси, заедно со нашите сојузници во НАТО и билатералните односи со САД и затоа сите заедно мораме да ги зголемиме нашите одбранбени капацитети.

Тој потенцираше дека нашето сојузништво во НАТО ги зголемува нашите колективни капацитети, воедно, додаде дека Македонија во април 2020 година ја очекуваат парламентарни избори и според сите анкети може да се очекуваат промени и нова влада, бидејќи сега македонската економија стагнира, инвестициите се ниски, а младите масовно заминуваат.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека на Македонија и треба Влада која ќе донесе силен економски развој и инвестиции, а сето тоа ќе овозможи Македонија повеќе да вложува во одбраната и безбедноста.

Ѓорчев констатираше дека ќе продолжат да се развиваат билатералните односи меѓу Македонија и САД во делот на економијата, инвестициите, одбраната, дипломатијата и сите други области, при што се заблагодари за можноста да се обрати и да даде поглед на работите од македонска перспектива.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.