Мицевски: Кадар на Заев без соодветно искуство е избран за член на Судски совет

Весна Дамева, е новиот член на Судскиот совет на предлог на претседателот Стево Пендаровски, таа е лице кое е активист на владејачката партија, а тоа може да се види од фотографиите на нејзиниот фејсбук профил, истакна денеска Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, на денешната дискусија.

-Од биографијата на Весна Дамева се гледа дека нејзиното највисоко работно место гласи стручен соработник во Основен Суд 1.

Мицевски истакна дека ваква битна работа која ја има членот на судскиот совет кој што треба да ги евалуира работењето на судиите и да изрекува дисциплински мерки на судиите треба во најмала рака треба да има повисоки квалификации од предложените.

– Како сте тргнале со судството мислам дека ова ви е последна шанса да го деградирате до максимум затоа што ова што се случува во Република Македонија и во судската фела и во јавно обвинителската фела е веќе за да размислуваме сите во Р. Македонија. Нас не тресат огромни скандали, Европа ни праќа пораки дека реформите во судството не се ни почнати, дека само декларативно се повикуваме на реформи, владеење на правото и правна држава, а вие во пракса покажувате дека навистина се движиме во тој правец, кажа Мицевски.

Мицевски дополнително рече дека е навистина деградирачки за сите судии и сите оние кои што имаат обврски и работат со судскиот совет, кога ќе слушнат дека член на судски совет ќе биде стручен соработник, а не судија.

-Можеби е пак и мотивирачки за другите стручни соработници ширум судовите во Македонија малку повеќе активно да се вклучат во политиката затоа што од она што можев да го видам Весна Дамева има исклучителен број на слики заедно со раководството на СДСМ.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...