Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците и е дел од светското културно богатство како доказ за нашето постоење и идентитет. Сите негации на оваа апсолутна вистина се последица на тоа што власта во Македонија лесно тргува со најскапите работи на нашата земја. Заев треба да престане да пишува реакции и дава изјави, туку да понесе одговорност за тоа што тој ја внесе Македонија во ваква лоша позиција и отвори врата за вакви теми и прашања. Проблемот е во сигналите дека во Македонија има влада и премиер кој е меко ткиво за вакви негаторски теми и аспирации. Но, вистината е дека од 1990-та до денес немало вакви експлицитни јавни директни негаторски, уценувачки и навредливи ставови кон Македонија.

Воедно би запрашал што добро донесе за земјава виткањето на кичма за ваквите теми и прашања. Виде ли некој бенефит од тоа, освен ако не го земеме во предвид бројчаникот на најбогатото политичко семејство на Балканот.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...