Долгот кој Заев им го остава на граѓаните е над 910 милиони евра    

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Во исто време кога СДСМ троши илјадници евра, а можеби и стотина илјади евра на медиумите за партиско рекламирање, истите тие се задолжуваат за само еден ден со нови 300 милиони евра на грбот на граѓаните и на грбот на идните поколенија и нашите деца.

Со вчерашното задолжување, долгот кој Заев им го остава на граѓаните е над 910 милиони евра нето.

За само 31 месец Заев ја задолжи државата за 910 милиони евра, а притоа не направи ништо. Нема проекти нема инвестиции. Има само криминални тендери и партиски вработувања.

За цели 10 месеци од оваа година Зоран Заев успеа да реализира само 40% од предвидените капитални инвестиции, а да не правеше ребаланс со кој се скрати од парите наменети за развојни проекти истите ќе беа 36%.

Ова е очајно. Не можат да го исполнат ниту она што самите на почетокот на годината си го поставиле во план за реализација. Но затоа немаат проблем кога треба да се задолжат и да земат нови милиони евра кои ќе можат да ги делат на криминални тендери.

Ситуацијата е алармантна, плановите за задолжување и економската политика на СДСМ се катастрофални.

Расипништвото мора да запре. На недомаќинското работење мора да му се стави крај. По 12-ти април следува одговорно трошење на народните пари и домаќинско управување со долгот на државата, кој го враќаат граѓаните, а не некои политичари.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...