Земјоделците се еден од столбовите на економијата во Македонија и не заслужуваат да се на дното на кое ги постави Заев

Интегрален текст од изјава за медиуми на Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Се наоѓаме во Росоман, во делот на срцето на Тиквешијата, согласно активностите на ВМРО-ДПМНЕ  на сите населени места за кои што разговараме за сите проблеми и сите ситуации кои што ги тиштат граѓаните на Република Македонија. Во овој дел најмногу се дискусиите беа во земјоделскиот сегмент.

Сакам само накратко да потсетам дека граѓаните од оваа општина не забораваат за сите лажни ветувања  кои што ги даде Зоран Заев во предизборието 2016 година, каде што со тогашниот министер Љупчо Николовски ветуваше сигурен пласман и откуп на земјоделските производи, повисоки цени на истите и многу други безброј проекти кои што ќе значат посигурен живот на земјоделецот во Република Македонија.

Денеска после три години гледаме дека сите тие ветувања остана само на хартија и речиси ништо од тоа нема реализирано.

Она што ние сакаме да им го ветиме и во разговорите со граѓаните  од оваа општина и во цела Република Македонија е дека ВМРО-ДПМНЕ работи на сериозна програма која што ќе биде понудена во изборниот период и нормално кога ќе формираме влада на 12 април после победата  на ВМРО-ДПМНЕ сите вие проекти кои што ќе бидат реални и остварливи ќе значат еден достоинствен земјоделец кои што навистина ќе биде ценето целата држава односно од целата влада. Затоа што земјоделците се еден од столбовите на економијата во Македонија и навистина тие заслужуваат да бидат на пиедесталот, а не како сега на дното на листата на Зоран Заев кој што гледаме дека е најдобар само во крадење на државните пари, во уништување и распродавање на државните интереси.

За нас, ВМРО-ДПМНЕ земјоделецот бил и ќе остане на врвот на приоритетите.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...