Заев и Ангеловска ќе ја задолжат државата за нови 216 милиони евра

Интегрален текст од изјава за медиуми на Лилјана Кузмановска

Почитувани,

Зоран Заев и Нина Ангеловска за само еден ден со одлука на пратениците на СДСМ ќе ја задолжат државата за нови 216 милиони евра.

Да, Заев и Ангеловска предложија, а пратениците на СДСМ денес ќе изгласаат четврт милијарда евра нов долг.

Задолжувањата се нижат, а капитални инвестиции нема, ништо не се гради. Од почетокот на годината заклучно со октомври реализирани се само 40%. Доколку не беше ребалансот со кој се скратија средства истите ќе беа 36%.

Инвестиции нема, но затоа задолжувања има. Откако Заев е на власт јавниот долг е зголемен за над половина милијарда евра. Половина милијарда евра, наместо во инвестиции отидоа во криминални тендери, партиски вработувања и во луксузирања на државен трошок.

Заклучно со долгот од денес оваа власт предводена од Заев и Ангеловска направи долг од над 800 милиони евра, а не направи ништо за граѓаните.

Денеска Заев го сврте бројчаникот, долгот денеска отчука 5,6 милијарди евра.

Почитувани,

Заев и Ангеловска без контрола ги трошеа народните пари. Сега пред избори повторно без контрола се задолжуваат. Ефект од тоа граѓаните немаат. Само дупката во буџетот расте.

По 12 април на расипништвото ќе му дојде крај. По 12 април следува обнова на Македонија и одговорно управување со парите на граѓаните.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...