Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ победува на 12-ти април, СДСМ е во право дека разликата на анкетите не е 4% во корист на опозицијата туку поголема

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски беше гостин во дневникот на Канал 5 телевизија.

Тој говореше за анкетата на ИПИС која покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има поголема доверба од граѓаните отколку СДСМ и ги коментираше изјавите на власта дека овие анкети не се релевантни.

-Граѓаните ќе им кажат на 12-ти април кој ќе победи и кој ќе ја формира најновата Влада. Нека не паничат, нека не навлегуваат во некои игри свои дека не се точни анкетите бидејќи народот веќе говори јавно, гласно и веќе граѓаните сакаат промени. Ние постојано правиме анкети, различни анкети каде постојано се зголемува предноста на ВМРО-ДПМНЕ. Во една работа ќе се служам со нив, не е 4% предноста, туку е поголема предноста на ВМРО-ДПМНЕ и набрзо тоа сите ќе го видат. Затоа ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, следува нова кампања, следуваат нови избори и ги повикуваме сите заедно да ја направиме историската победа на ВМРО-ДПМНЕ која ќе се случи наредната година и сами ќе видат дали овие анкети се релевантни или не. Но, од друга страна ги повикувам и ако имаат други анкети да ги објават јавно бидејќи знаеме дека имаат и тие анкети, знаеме дека губат и на тие анкети. Најважно е што мислат граѓаните. Ние сакаме тоа да го погледнеме на терен. Постојано сме со граѓаните на терен, слушаме што тие говорат и затоа ја правиме оваа програма која се нарекува „Обнова на Македонија“ и набрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи убедливата историска победа на следните избори, порача Мисајловски.

Мисајловски вели дека набрзо ќе излезат имињата за техничката Влада, но оцени и дека СДСМ се обидува да избега од избори.

-Ние сме постојано во консултации, се подготвуваме за оваа техничка Влада. Набрзо ќе излезат и имињата. Најважно од се е да се случи оваа работа, односно да се дозволи техничката влада бидејќи како што гледаме СДСМ веќе на големо почнува да бега од избори и се надеваме дека на 3-ти јануари Заев ќе си замине од премиерската функција и нови луѓе ќе дојдат на тие места. ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже дека има нови, свежи  луѓе кои ќе дадат максимум за обнова на Македонија, порача Мисајловски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...