Ласовска: Оваа влада не ја интересираат ниту земјоделците во Овчеполието, ниту во Свети Николе, ниту во Лозово

На денешната собраниска седница за финансирање на буџет пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска зборуваше за амандманот кој е предлог на земјоделците од Свети Николе.

-Во претходната влада започна со реализација на овој капитален проект, можеби овие средства кои се предвидуваат можеби нема ни да бидат доволни. Не говориме за оние хидросистеми коишто ги спомнавте , ова е земјоделска површина која во моментот не е под систем за наводнување. Мислам дека проектот е готов, но каде е изгубен некаде по Влада претпоставувам дека е изгубен зошто не сте разговарале на оваа тема, затоа што граѓаните на Свети Николе не ви се во фокусот, затоа и не сте го гледале, истакна Ласовска.

Таа во своето обраќање укажа дека станува збор за желби на земјоделците коишто реално можат да бидат исполнети, но колку владата реално има капацитет да ги сослуша земјоделците во овој крај и колку има желба и капацитет да даде финансиски средства за да овој проект се направи.

-Но, еве уште еднаш докажавте дека не само што не ве интересира, туку овие проекти владата воопшто не ги ни зема во обзир, не ги интересира земјоделците во Овчеполието, не ги интересира земјоделците ни Свети Николе и Лозово, така да ќе чекаме да дојде некоја друга влада која има сенс, која знае како се работи и која што ќе знае како да оддели финансиски средства за истите, додаде Ласовска.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.