Поенти од одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Поенти од одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање новинар: Господине Мицкоски што имате да кажете во врска со анкетата која вчера беше објавена на медиумите?

Одговор: Кога зборуваме за анкетата која ја споменавте и претпоставувам реферирате на она што вчера беше објавено во медиумите каде што ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 4% во целиот примерок и некаде околу 8% кај македонските гласачи, и она одбивање од страна на вицепремиерката без притоа да ја види истата таа анкета како нерелевантна и дека поинаква била реалноста, јас тука навистина можам да се сложам со Радмила Шекеринска и да кажам дека, да, реалноста е поинаква и дека разликата е многу поголема од таа што е на анкетата. Ние мислиме дека таа е многу повеќе од 4% и е многу поголема од 8% кај македонците. Еве гледате дека за некоја работа можеме и да се сложиме со СДСМ и дека навистина бројките се многу поразлични, но таа разлика е многу поголема од бројките што беа презентирани вчера во медиумите.

Прашање новинар: Имаше изјава на претседателот Пендаровски дека не е уверен дека изборите ќе се одржат на 12 април како што беше договорено на лидерската средба.

Одговор: Ја слушнав таа изјава вчера на   господинот Пендаровски, последниот пат кога бевме на негова иницијатива заеднички ги ставивме партиските интереси во втор план, ги ставивме државните интереси и интересите на граѓаните во прв план, организиравме заеднички состанок. На тој состанок ги прецизиравме приоритетите кои се за државата, ја реафирмиравме нашата позиција и како политичка партија , но и останатите, за иднината на нашата држава но истовремено се договоривме дека на 12 април е денот кога практично ќе се случат тие предвремени парламентарни избори. И за нас втора алтернатива нема. Она што вчера успеав да го слушнам но и да го прочитам од медиумите е дека господинот Пендаровски продолжува да се однесува како практично гласноговорник на СДСМ и на Зоран Заев, се обидува да обезбеди определено алиби за да не им се случи катастрофата сега во април, да се случи можеби во некој друг период, од друга страна им остава простор за маневар на СДСМ за да може со некакви збунувачки изјави поврзани со законот за јазици да ги става на преговарачка маса со коалиционите партнери при евентуално одложување на предвремените парламентарни избори. Но морам да  признаам дека доколку не е сигурен тој за тоа што ние го договоривме во негово присуство во негова организација а тоа се предвремени парламентарни избори на 12 април, тогаш ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата навистина ќе ги разгледа односите кои што ги има со претседателот Пендаровски и во едни такви околности ние не сме сигурни дека во иднина кохабитацијата помеѓу Коалицијата за обнова на Македонија и претседателот ќе функционира како што функционираше досега. Но јас сум убеден дека се свесни за последиците  при евентуална еднострана таква одлука да го напуштат договореното кое што го договоривме а се однесува на  тие предвремени парламентарни избори што треба да се случат на 12 април. Свесни се претпоставувам за политичката криза во која што ја втурнуваат Македонија дополнително и се надевам дека разумот ќе преовлада и дека и покрај стравот кој што го има СДСМ за дебаклот кој што ќе им се случи,. Овој пат ќе ги стават интересите на Македонија и интересите на граѓаните над нивните лични и тие предвремени парламентарни избори ќе се случат, колку да не му се допаѓало на СДСМ, Зоран Заев и Стево Пендаровски.

Прашање новинар: Околу долгот од 400.000 нели покажувате едно непочитување на  законите во Македонија и понатаму, како што правевте кога бевте на власт нон стоп имавте дупки на вашите сметки и зошто баш донација од Камчев

Одговор: Ние немаме дупка, како што велите вие од 400.000 евра во финансискиот извештај, туку имаме облигација со правно лице за кое што за кое што испорачало услуга за ВМРО-ДПМНЕ, определени услови за кои ВМРО-ДПМНЕ треба да ја сервисира таа услуга. И ние воопшто не излегуваме надвор од таа облигација која што партијата ја има потпишано со тоа правно лице. Но тоа правно лице и донацијата не е од господинот Јордан Камчев како што вие алудирате, туку е правно лице кое што со таа дејност се занимава со години наназад и дало можеби во тој момент најисплатлива економска понуда и ние сме ја потпишале таа облигација и верувајте дека како што е таа облигација потпишана, така и ќе бидат сервисирани обврските од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон тоа правно лице. Но, ќе ве потсетам, членот 71 и членот 85 од изборниот законик велат: од член 71, став 1, 10 и 11, јасно е дефинирано што значи изборна сметка, како се собираат средства на таа изборна сметка и за што служат собраните средства на таа изборна сметка. Никаде, ама буквално никаде не стои, доколку тие средства не се доволни да се сервисираат облигациите тоа подразбира дека имаме било каква поинаква одговорност. Ставот 11 од членот 71 е исто така многу прецизен кој што вели дека три месеци по завршување на изборниот циклус во случајов претседателски избори, политичката партија или коалицијата е обврзана согласно овој законик да ја затвори таа сметка. Така што понатаму обврските се преземаат од правното лице во случајов политичката партија, бидејќи таква е облигацијата, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Да одиме понатаму, односно што вели членот 85. Членот 85 вели дека во рок од 30 дена од затворањето на сметката се поднесува финансиски извештај до три институции. Првата институција е ДИК, втората е ДКСК и Државниот завод за ревизија. Во рок од 60 дена од доставениот финансиски извештај кој што овие институции го објавуваат транспарентно на нивната веб страна, Државниот завод за ревизија врши ревизија и доколку констатира прекршување на овој закон тогаш поведува прекршочна постапка и истото го пријавува во Јавното обвинителство. Во моментот ние имаме претставници од Државниот завод за ревизија во рамките на политичката партија, ги проверува сметките и од изборите и од редовното сервисирање. Еве јас ги повикувам што е можно побрзо тоа да го завршат и јавноста уште една ваква лажна вест на СДСМ да ја демантираме преку институциите, затоа што очигледно немаат што друго да измислуваат па сега единствена нивна политичка пропаганда е е со вакви лажни вести. Еве, се надевам дека бев јасен и прецизен. Но, ќе ве потсетам, бидејќи вие реферирате на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, јас ќе ве вратам во 2016 година. Таму негативно салдо на изборната сметка за време на предвремените парламентарни избори има ДУИ, некаде околу 2.300.000 денари. На истите тие избори коалицијата ВМРО за Македонија помеѓу Стојанче Ангелов, Љубе Бошковски и Љубчо Георгиевски исто така имаа негативно салдо на сметката, односно имаа повеќе од 3.300.000 денари, некаде околу 55 илјади евра. И ќе ве потсетам на сегашните претседателски избори каде што и сметката на господинот Стево Пендаровски е во негатива, односно во минус. Така што јас ги разбирам, немојте да мислите дека не ги разбирам. Не знаат што да измислат, што да направат и ќе се обидуваат преку едни вакви лажни вести да манипулираат и да се обидат лажат македонската јавност. Докажавме тоа во минатото, ќе го докажеме тоа и сега. Еве ги повикувам Државниот завод за ревизија што поскоро да ја завршат таа ревизија и да излезат со став во јавноста дали има кривично дело, дали нема кривично дело, требало или не требало тоа да се случи итн. Морате да ме разберете правилно, не погрешно, дека дојде времето на политичари без концесија и политичари кои нема да бидат аболирани, политичари кои кога ви се обраќаат ви ја зборуваат вистината, а не да ве гледаат во очи и да ја говорат невистината. Гледате таков човек и секогаш ќе ми биде задоволство кога ќе имате дилема, ви стојам на располагање да ви одговорам.

 

 

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...