Документите говорат дека е уништен дански инсулин, а не турски, СДСМ и МЗ треба да ги сносат последиците за штетата

СДСМ и министерството за здравство очигледно се многу нервозни за откривањето на аферата ИНСУЛИН.

Фатени во скандалот кај уништиле што огромни количини инсулин со валиден рок до 6 и 7 месец 2020 година сега се обидуваат невешто да се правдаат со флоскули, лаги и манипулации.

Тие треба да и одговорат на јавноста и на пациентите зошто се уништени количини на инсулин со валиден рок од светски познатиот произведувач Ново Нордиск од Данска чија вредност се мери во милиони.

Од кога тоа Ново Нордиск произведува сомнителен инсулин и од кога тоа Данска е всушност Турција?

Документите тоа го говорат, а Министерството за здравство и СДСМ ваквите документи не ги негираат.

Рокот на инсулинот истекува 2 години по производството, според светската пракса, што значи дека токму во време на СДСМ се набавувала оваа количина инсулин имајќи во предвид дека уништениот инсулин имал валиден рок до 6 и 7 месец 2020 година

Кој утврдил дека оваа количина инсулин е за уништување и притоа го одобрил тоа, наместо да биде дадена на пациентите?

Кој ќе ги сноси последиците за оваа милионска штета?

Нервозата во СДСМ и министерството за здравството е разбирлива. За ова ќе треба порано или покасно да дадат одговори , но и да понесат одговорност.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.