Министерството за здравство кога веќе го призна скандалот со уништување на инсулин со валиден рок треба да понесе и одговорност

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на министерство за здравство кое се однесуваше на прес конференцијата на Марија Андоновска

Министерството за здравство денес буквално го призна скандалот со уништување на инсулин со валиден рок, колку и да се крие зад манипулативни соопштенија. Министерството за здравство потврди дека уништило инсулин со валиден рок.

Кога веќе го призна скандалот тежок 1,5 милиони евра, тогаш треба да се понесе и одговорност.

Уништени се количини од инсулин кој го произведува една од најреномираните светски компании, која со своето реноме стои зад квалитетот и не се работи воопшто за неквалитетен инсулин. Ги повикуваме министерството за здравство да ја објавата целата документација за ова скандалозно уништување и ако имаа храброст нека објаснат како инсулинот произведен од една од најреномираните светски компании бил неквалитетен.

Уништениот инсулин имал рок на употреба до 6 и 7 месец наредната 2020 година, што го отвора сомнежот дека крајната цел била да се создаде во наредниот период инсулинска криза во Македонија, која после би се менаџирала со интервентна набавка.

Оваа уништена количина има пазарна вредност од 1,5 милиони евра и за таа сума постои штета по буџетот за која некој треба да одговара.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...