Македонија руши рекорди по загаденост, Заев и СДСМ ништо не преземаат освен што ги лажат граѓаните и здруженијата за заштита на животната средина

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Виолета Ковачевиќ

Почитувани,

Зоран Заев и СДСМ дојдоа на власт со ветување за чист воздух и здрава животна средина. После три години власт Скопје Битола, Тетово и цела Македонија рушат светски рекордери по загаденост, a депонии никнуваат во речиси секое населено место. Ова е за жал вистинската слика за неспособноста на владата да се справи со овие горливи проблеми.

Ние, во ВМРО-ДПМНЕ подолго време ги следиме барањата на граѓаните, мислењата на стручните лица и институциите, и во таа насока со големо внимание ги проследивме барањата со кои настапија Здруженијата на граѓани на протестот за почиста животна средина во петокот на 29ти ноември. Сметаме дека сите политички субјекти, а најмногу Владата треба со голема сериозност да ги прифатат и имплементираат ваквите барања на здруженијата и експертите.

Гледаме дека Владата е крајно несериозна и постојано останува на зборови, а не на дела.

Иако, Зоран Заев, и неговата ЌЕ влада, номинално ги прифатија итните СЕДУМ барања, кои беа услов за да седнат и да разговараат со здруженијата, Заев продолжува да ги ЛАЖЕ граѓаните!

ИМЕНО,

Барањето број 4 на здруженијата гласи:

Да се стопира процедурата за усогласување на законите од областа на здравјето на луѓето, животната средина, комунална хигиена и слични закони,  со Законот за прекршоци, со што НЕМА да се намалуваат казните за прекршителите на овие закони, туку сите кои намерно загадуваат во животната средина ќе бидат казнувани со казните пропишани според сегашните законски прописи. Последен пример за тоа е запалената депонија во Струмичко со која директно управува јавното комунално претпријатие Комуналец Струмица, за што досега од надлежните нема никаква реакција или санкција.

Од една страна, Заев вели дека го ПРИФАЌА БАРАЊЕТО ЗА СТОПИРАЊЕ НА ПРОЦЕДУРАТА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ ЗА ЗАКОНИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА СО ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ.

Од друга страна, на Седницата на Собранието на Македонија, во ВТОРНИК на 10.12.2019, на Дневен ред поставени се неколку измени на закони и тоа,

– Закон за контрола на емисии од испарливи органски соединенија,

-Закон за пакување,

-Закон за природа,

-Закон за води,

-Закон за бучава и други,

Во кои Владата на  СДСМ предлага, усогласување на казнените одредби од овие закони со законот за прекршоци, т.е. НАМАЛУВАЊЕ НА КАЗНИТЕ ЗА ОНИЕ КОИ ЈА ЗАГАДУВААТ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА.

Граѓаните и здруженијата кои се заинтересирани за квалитетот на животната средина, чистиот воздух, води, бучава и отпад, треба да знаат, дека СДСМ и владата на Зоран Заев, ги излажаа и континуирано ги лажат во изминативе 3 години.

Сите мерки од таканаречениот план за чист воздух не само што сеуште стојат на ЌЕ, туку и средствата кои првично се наменети за решавање на проблемите во животната средина, властите ги трошат на се, освен на подобрување на животната средина.

Иако, пред изборите во април 2020, СДСМ пробува да одглуми дека некои инспектори за животна средина се тука и работат т.е. дека не се сите на пат цело време, властите само ја покажуваат својата намера, да направат зголемени профити за своите блиски на сметка на непречено загадување.

Дури и пред некој ден, можевме да ја видиме целата неспособност на власта, кога државниот и градскиот инспекторат за животна средина во Скопје, се  ПОТЕПАА да се докажат кој за што не е надлежен и кој може да напише помала казна за загадувањето на животната средина.

Почитувани,

Од друга страна, но во исто време, ВМРО ДПМНЕ во целост ги разгледа сите барања од здруженијата на граѓани. За голем дел од нив смета дека се оправдани, а за некои дека може да се доработат за да се постигне заедничката цел: ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА!!!

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат барањата на здружените граѓани и нема да гласаат за намалување на казните за загадувачите во животната средина.

Еден од приоритетите на владата на ВМРО-ДПМНЕ, во следниот мандат, ќе биде решавање на проблемите со загадениот воздух, води, почва и отпад.

Затоа ги повикуваме граѓаните и здруженијата на граѓани, да не паѓаат на лагите на Зоран Заев чија влада, иако е на крај на својот мандат, нејзините проекти се уште го носат предзнакот ЌЕ, туку, во заедничка борба да се избориме со проблемот на загадувањето и проблемот со НЕФУНКЦИОНАЛНАВА ВЛАСТ.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...