Иднината која што ја ветуваше Заев остана на хартија додека секојдневно цели семејства се иселуваат од Македонија

Интегрален текст од изјава за медиуми на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денес се наоѓаме во Општина Брвеница, разговараме за Обнова на Македонија со жителите на овој крај и тие се крајно разочарани бидејќи во Општина Брвеница наместо план за живот кажуваат дека се реализира исклучиво план за вработување на блиските на оваа владеачка гарнитура и за жал план за иселување на сите останати.

Од Брвеница заминуваат и возрасни и млади и вработени и невработени и семејно обезбедени и останатите затоа што не гледаат иднина во овој крај. А иднината е таа која што Зоран Заев им ја ветуваше но очигледно само на хартија.

После две години и повеќе владеење на Зоран Заев и неговата гарнитура жителите на општина Брвеница кажуваат дека се крајно излажани и изневерени. Токму затоа го чекаат 12 април кога ќе му дадат осуда на ваквото однесување на Зоран Заев. Разочарани се немаат никаква иднина, немаат перспектива, сето тоа го запишаа тука на нашите флаери и ова ќе биде разгледано во нашата идна програма и се за што сметаме дека можеме да го реализираме и да го решиме како проблем ќе го ставиме на хартија.

ВМРО-ДПМНЕ она што ќе го запише и вети тоа ќе го реализира

.
Прашање од новинар: Во однос на Венецијанската комисија имаше мислење го немаме официјално документот меѓутоа во владината коалиција има два различни става, ДУИ влеат дека нема некој пропусти, од СДСМ велат дека има и дека ќе се разгледа повторно тоа прашање во собрание. Ваш коментар како овој процес би се одвивал?

Одговор на Дафина Стојаноска: Точно, да нагласам од СДСМ ветија уште во септември кога се доби онаа драфт верзија неофицијална дека од Венецијанската комисија ќе има корекција односно несогласување по однос на овој закон од СДСМ ветија дека ќе постапат според насоките добиени од Венецијанската комисија што значи дека тие сега се на потег, но што се однесува до нивниот коалиционен партнер тоа станува нивни проблем бидејќи и нивната коалиција токму се засноваше на вакви нереални ветувања и очекувањата затоа кај народот толку ги подигнаа. Затоа велам сега нивниот проблем нека си го решаваат како што знаат и умеат, а законот за јазици беше најгорливиот проблем токму за нас жителите на посебно на западниот крај и затоа реагиравме не дека бевме против употреба на албанскиот јазик, но бевме против овие нереални ветувања и исклучиво издигање само на албанскиот јазик во оваа држава. Проблемот останува на СДСМ како што и сите останати што се натрупани во државава за ова време на нивно владеење

Прашање од новинар: Може ли да им ја разниша коалицијата?

Одговор на Дафина Стојаноска: Јас мислам дека може зависно од тоа што тие си имаат кажано и ветено меѓу себе но, ставот на ДУИ веќе го видовме го знаеме, тие нема да попуштат. СДСМ вети дека ќе ги послуша насоките на Венецијанската комисија но, со оглед ан тоа што многу работи се ветени, а после нереализирани останува сепак да видиме

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...