Дали е точно дека фирмите кон кои должи СДСМ молчат зошто добиваат закани и уцени од власта?

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев и Спасовски молчат за долгот на СДСМ од 2.5 милиони денари.

Ако постои синоним за зборот лицемерие тогаш тој ќе се Зоран Заев и СДСМ.

Практично тие прават политичка хајка со впрегнати државни институции врз ВМРО-ДПМНЕ, а го кријат очигледниот долг на СДСМ кој е во износ од 2.5 милиони денари.

Се уште не кажаа на јавноста според кој член на законот постоењето на долг е казниво, бидејќи таков член во законот не постои.

Криминалната двојка Заев и Спасовски молчат за тоа кому му должат.

Дали е точно дека фирмите кон кои должи СДСМ молчат зошто добиваат закани и уцени од власта?

СДСМ мора да каже кои се фирмите кон кои должат, и зошто тие се тајна.

Дали сега Михаузен Костадинов ќе излезе да даде одговори или ќе се сокрие позади уште едно алиби соопштение?

Поенти од одговори на новинарски прашања

Новинарско прашање: Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денес изјави дека отворањето на Законот за јазици ќе значи враќање на состојбата пред рамковниот договор. Ставот на ВМРО-ДПМЕН?

Одговор на Наум Стоилковски: Се покажа уште еднаш дека Зоран Заев нема концепт за државата и за закони и за правда, туку само за концепт Купи ден политики. Тоа е само за да се задржи на власт за да можат да тераат тендерите, да може да тера рекетот, да тераат поткупите, да се богати кланот на власт. Носењето на закон така како што се донесе беше оспоруван процесот и од експертската јавност и од ВМРО-ДПМНЕ. Не треба да се брза, треба да биде согласно уставот и законите и да се почека да се добие известувањето од Венецијанската комисија.

ВМРО-ДПМНЕ не е против унапредување на правата на граѓаните во Република Македонија, но тоа да биде издржано согласно уставот и законите во Република Македонија. Тоа да не биде дел што ќе го отежнува функционирањето на државата и на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се седне и да се разговара и да се направи функционален закон за употреба на јазиците во Република Македонија кој што ќе биде според устав, закон и функционалност и сето тоа да се однесе на оценка на венецијанската комисија за да не се доведеме во ситуација како што е државата доведена сега само заради немањето на концепт на Зоран Заев, освен оној дел од трговијата за да се задржи на власт за да може неговиот клан да се богати.

Новинарско прашање: Вчера протекоа нови снимки во кои што неофицијално еден од говорниците е сведокот во Рекет и обвинетиот во Империја Орце Камчев, вашиот коментар?

Одговор на Наум Стоилковски: Ова е само уште еден од притисоците и уште еден од начините на власта за да се испере себеси во судскиот процес Рекет и да се затскрие себеси. Во Рекет се работи за човек на кој цела Влада и обвинителката и обвинетата му беа на неговото крунисување, така што се што се презема сега е само во насока на власта да може да изврши притисок врз главниот сведок, а можеби и оштетен за да може да се затскрие себеси и нивната улога во оваа афера.

Новинарско прашање: Според последната анкета на ИПИС 4 проценти водите пред СДСМ односно цели 7 проценти кај етничките македонци, додека седум – нула во проценти губите кај етничките албанци, има податок за голема бројка на неопределени 23 проценти, ваш коментар?

Одговор на Наум Стоилковски: Во време кога власта располага со сите сили за притисок кога јавноста гледа дека прислушувањето во јавно обвинителство останува нерасчистено кога ниеден случај на притисоци не се расчистува вие барате да се изјаснат граѓаните да соберат храброст и да кажат дека се за поддршка на опозицијата. Тоа што е јасно е дека оваа власт нема поддршка во јавноста и немаше поддршка во јавноста. Апсолутно е јасно дека на 3 јануари си заминува Зоран Заев тоа е за 25 дена а веќе на 13 Април ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта во Република Македонија.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....