Оливер Спасовски додека во камера уверува дека граѓаните се безбедни во реалноста децата се претепувани, бодени со ножеви, мафијаши се пукаат по улици и хотели

 Интегрален текст од изјава за медиуми на Дарко Костовски, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Бутел

Почитувани,

Безбедносната состојба во Скопје е катастрофално лоша. Градот е претворен во фавела во кој царува криминал, насилство и банди. Потенцијални жртви од тоа се  сите граѓани, а институциите немо посматраат и како статистичари бројат настрадани.

Почитувани, вчера на неколку метри од општинската зграда во Бутел, беше прободено со нож едно малолетно момче, а друго кое било со него, беше физички нападнато. Жртва беше 13-годишно дете, а утре може да биде некој друг. Улиците се претворија во зони по кои хараат банди. Родителите се плашат да ги пуштат децата на улица, во училиште или во парк, бидејќи не знаат кој може да ги нападне.

Очекуваме надлежните институции да го разрешат овој случај итно и сторителите на крвавиот напад врз детето да ги изведат пред лицето на правдата и најостро  да ги санкционираат. Оливер Спасовски додека во камера уверува дека граѓаните се безбедни во реалноста децата се претепувани, бодени со ножеви, мафијаши се пукаат по улици и хотели, банки, домови и други објекти се ограбуваат. Животот на секој човек е во опасност. Се сомневаме дека ваквите ликови му се многу  добро познати на градоначалникот Велимир Смилевски и дека тој со нив е близок пријател.  За жал Смилевски ништо не презема за безбедноста на граѓаните во Бутел, заштита на нивните животи и имоти.

Ова лудило мора да престане.  Оружје, дрога и насилници го преплавија градот и општина Бутел . Спасовски треба да ја работи работата за која е платен. Очекуваме конечно и градоначалникот на Бутел Смилески да биде градоначалник на сите и да направи нешто да се заузда криминалот во општината. Граѓаните го бараат и го очекуваат тоа од нив.

Почитувани,

Како ВМРО ДПМНЕ бараме итна седница на општината Бутел на која што задолжително треба да присуствува и командирот на полициската станица со две точки на дневен ред. Прво – целосно разрешување на вчерашниот немил настан и апели за остро санкционирање и второ да се разговара општо за безбедносната состојба во општината Бутел која е веќе сериозно загрозена.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...