Народот во Дебар повеќе не се плаши од заканите и уцените и затоа ќе го казни ова насилство кое го приредија Заев и СДСМ

Интегрален текст од изјава за медиуми на Дафина Стојановска

Почитувани

Денес караванот „Обнова на Македонија“ се наоѓа во Дебар на отворени и директни средби и разговори со граѓаните на Дебар и жителите на околните села.

Токму присуството на овој броен народ денес тука и покрај временските неприлики кои што само пред половина час се расчистија, зборува симболично дека народот во Дебар повеќе не се плаши од ниту една закана, од ниту една уцена и дека народот во Дебар ќе го осуди ова насилство кое што го приреди постоечката, актуелна власт.

Додека Зоран Заев пред да стане премиер на секој кој што му побара било какво исполнување на желба истата му ја вети без да размисли дали воопшто може да се реализира. Наспроти него Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секое ваше барање и предлог за идната наша програма сериозно ќе го разгледа и се што ќе биде ставено на хартијата на идната програма на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори, доколку биде ставено бидете сигурни ќе реализирано.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не ги изманипулирало граѓаните  и добро е што и граѓаните на Дебар на целиот западен крај увидоа дека се крајно излажани и изневерени.

Изминативе две години Дебар и околината наместо да биде ценат на крајниот западен регион за жал Дебар е заборавен од владата на Зоран Заев. Дебарчани кажуваат дека наместо План за живот, ниту било планирано живот во Дебар, ниту има некакви планови за во иднина.

Заедно со моите колеги Лилјана и Горан, денес сме тука и веќе две недели во Парламентот расправаме за буџетот за 2020 година. Во тој најголем буџет досега во историјата на самостојна Македонија нема ниту еден предвиден проект или план не само за Дебар туку за целиот западен регион.

Ете тоа се слатките ветувања на Зоран Заев, кој што после 2 години видовме дека само останаа на хартија.

Затоа следува 12 април, и јас верувам дека сите вие заедно со нас на 12 април и на писмено ќе му го дадете конечниот одговор на Зоран Заев и ќе му кажеме довидување.

Зоран Заев не смее повеќе да се изигрува со Македонскиот народ и не смее повеќе да биде на политичката сцена било кога во Република Македонија.

Ви благодарам на сите и се надевам дека после 12 април одговорноста ќе ја преземеме ние, но бидете сигурно дека се што ќе ветиме, ние ќе реализираме. Ние не ги манипулираме граѓаните на Република Македонија

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...