Ѓорчев се сретна со сенаторот Јанг и лидерите на Републиканците во Конгресот Кевин Мекарти и Лиз Чејни

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев за време на посетата во Вашингтон, САД, во рамки на форумот на Интернационалната демократска унија оствари средби со сенаторот Тод Јанг, член на комитетот за надворешни работи, како и лидерите на Републиканците во Конгресот, Кевин  Мекарти и Лиз Чејни.

На средбата со Сенаторот Тод Јанг кој е докажан пријател на Македонија се разговараше за актуелната политичка состојба во државата како и македонската евроатланска интеграција.

Сенаторот Јанг,  изрази силна поддршка на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ при што беше истакнато дека Македонија мора да продолжи да гради силни пријателства во најважните места на светската политика, потенцираше Ѓорчев.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на средбата со Конгресменот, Кевин Мекарти разговараше за стратешкото сојузништво помеѓу Македонија и САД кое е потпишано уште во 2008 година.

Ѓорчев истакна дека земјава има силни пријатели на надворешната политичка сцена, а односите со САД се меѓу приоритетите и клучни на македонската надворешна политика.

На средбата со конгресменката Лиз Чејни која е експерт за безбедност и одбрана беше афирмирана соработката меѓу Македонија и САД, особено во делот на одбраната, како и нашето партнерство во рамките на НАТО.

Ѓорчев нагласи дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта после предвремените парламентарни избори, ќе се подобри македонската меѓународна положба и ќе се засилат билатералните односи помеѓу Македонија и САД.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...