Дали инсулинскиот скандал во кој се уништени половина тон инсулин со валиден рок на траење, треба да обезбеди нов милионски тендер за власта

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Марија Андоновска

Почитувани,

Дали на повидок е нов скандал со уништување на корисен инсулин во земјава?

Имено инсулинскиот скандал во кој се вклучени министерството за здравство Венко Филипче, Агенцијата за лекови и медицински помагала, дирекцијата за стокови резерви се состои од уништување на инсулин чиј што рок на користење е сеуште употреблив.

Имено согласно информациите до кој дојдовме на 5 декември, пред два дена е извршено уништување на над 1 тон и 200 килограми инсулин, од кој речиси половина тон од инсулинот кој е уништен, а чија што пазарна вредност може да достигне од 1.5 милиони евра е со валиден рок на употреба до месец јуни наредната година.

Значи нашите непотврдени информации говорат дека е уништен употреблив инсулин чиј рок на траење не е истечен, во висина од 1.5 милиони евра.

Оттука се наметнуваат следниве прашања и дилеми:

Дали причината зошто се уништува инсулин кој е со не истечен рок на траење е поради фактот што треба да се распише нов тендер кој ќе обезбеди солидна заработка за магнати блиски до власта?

Доколку ова е очно кој ќе ја сноси одговорноста што врз буџетот се прави штета приближно од 1.5 милиони евра?

Која е вистинската причина зошто се дава одобрение за уништување на инсулинот кога се знае дека тој има валиден рок на траење уште повеќе од половина година?

Дали со овој инсулински скандал некој сака да заработи на грбот на граѓаните?

Дали инсулинскиот скандал во кој се уништени половина тон инсулин со валиден рок на траење, треба да обезбеди нов милионски тендер за власта.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....