Aмнестираниот Заев се плаши да прифати забрана за политичка активност на амнестирани политичари, зошто надежта за спас за криминалите му е амнестијa

Соопштение до јавноста – реакција на ставовите на Зоран Заев изнесени на трибина вo Битола

Амнестираниот Заев повторно покажа дека се плаши од предлогот да прифати забрана за политичка активност на амнестирани политичари, зошто надежта за спас за криминалите му е амнестија. Ама Заев ќе одговара и нема да избегне одговорноста и овој пат. Заев е свесен и затоа е уплашен.

Заев не кажа ништо за долгот на СДСМ од 2,5 милиони денари. Не кажа ништо за предлогот за испитување на имот за политичари зошто како најбогато политичко семејство стравот им е голем.

Затоа Заев соочен со малиот рејтинг во Битола и во цела Македонија, Зоран Заев наместо со граѓаните организира настани на кои присуствуваат раководството на партијата и најпослушното партиско членство.

Со патетики, популизам,  лаги и манипулации се  обидува реалноста да ја прикаже розова, иако граѓаните од ден во ден живеат се потешко и посиромашно. Аболицираниот криминалец Зоран Заев не може да се прикажува како чесен. Не напротив. Залудни му се истите лажни ветувања кои ги дава во Битола за чист воздух, поддршка на земјоделците, враќање на младите. Имаше три години власт и не само што не направи нешто, туку состојбите ги доведе до загрижувачки размери.

Розовите очила на Заев не може да ги сокријат криминалот, корупцијата кои владеат во Македонија денес. Додека манипулира со гол популизам, куферите со милиони се шетаат со  амин на власта и никој не знае во чии џебови од функционерите на СДСМ завршуваат. Додека економијата тоне, здравството колабира, земјоделството умира, Заевци се богатат со нови и нови милиони.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...