Со испраќање на недовршени реченици во празни соопштенија, СДСМ ги потценува граѓаните и медиумите и покажува дека аболицираниот Заев нема што да каже

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Со испраќање на недовршени реченици во празни соопштенија, СДСМ ги потценува граѓаните и медиумите и покажува дека аболицираниот Заев нема што да каже. Лагите на измамникот Заев вчера ги прочита и баба Перса.

Македонската економија клекна на колена откако СДСМ дојде на власт.

СДСМ ветуваше капитални инвестиции, покачувања на плати и пензии, младински гаранции, а од сето тоа испорачаа само афери како што се „Рекет“, „Кеш“, криминални тендери.

Оваа криминална влада Република Македонија ја враќа во време на транзиција, кога граѓаните преку ноќ остануваше без работа.

Заев и неговата криминална банда ветуваа рекордни странски инвестиции во Република Македонија, но според податоците од третиот квартал, последни сме во регионот и во Европа.

Крајот на оваа криминална влада се ближи, крајот ќе им дојде на 12-ти април. На 12-ти април граѓаните ќе им порачаат „Збогум и никогаш повеќе“. И тогаш ќе започне обнова на Македонија заедно со ВМРО-ДПМНЕ, нова ера на реални и успешни мерки за доброто на државата и граѓаните.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.