Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Се чувствувате ли како фашисти, имајќи во предвид дека заменик министерот правда така ве окарактеризира во една ТВ дебата?

Одговор: Во дебатата која што вчера беше на ТВ 24 заменик министерот за правда упати сериозна навреда Оливер Ристовски  упати сериозна навреда и клевета, па оттука бараме не само негово извинување туку и повлекување од позицијата заменик мистер за правда. Бараме извинување од Зоран Заев и владата како и разрешување на Оливер Ристовски од функцијата, во спротивно ќе сметаме дека токму Зоран Заев е поттикнувач и поддржувач на ваквите ставови, јавно изнесени навреди и клевети од страна на заменик министерот кон ВМРО-ДПМНЕ.

Прашање: Дали останувате на ставот за предвремена ратификација на договорот за членство во НАТО и изјавата на министерката која вели: многу е поважен законот за одбрана, како ќе реагирате во овој однос?

Одговор: Се тоа покажува само еден страв од избори и од изборниот пораз кој што ќе следи на СДСМ на овие предвремени парламентарни избори кои што се закажани за 12 април и од она повлекување на Зоран Заев на 3 јануари од позицијата премиер. Апсолутно остануваме на барањето за ратификација на протоколот во членство во НАТО и нема зошто да се бега. Го наведовме примерот од Црна Гора и нема зошто да се бег, а ниту пак државата нешто ќе загуби. Во однос на законот за одбрана и  обвинувањата од министерката Радмила Шеќеринска  ако реално и е до усогласување со процедурите на НАТО, Радмила Шеќеринска добро знае дека може да ги отстрани пречките и законот да биде изгласан уште вчера или уште ако сакате. Тоа што е дел и што и е укажано на Шеќеринска како пречка за постигнување на двотретинско мнозинство во парламентот добро е запознаена и не се однесува на процедурите за членство на Македонија во НАТО во однос на законот за одбрана.

Прашање: Кој е конкретниот став на ВМРО-ДПМНЕ, седницата е во среда на 11 декември како ќе се изјасните?

Одговор: Ви кажав тој  закон би требало да се однесува на процедурите кои што се во Армијата во однос на членството на Македонија во НАТО, во однос на процедурите според НАТО стандардите во самиот предлог законски текст постојат одредби кои што не се дел од тие процедури и апсолутно нема потреба да бидат таму. Доколку на Радмила Шеќеринска и на СДСМ им е важно членството во НАТО онака како што тоа декларативно го кажуваат воопшто не би претставувало проблем да го отстранат тој дел од законскиот текст кој што ќе повторам не се однесува на процедурите во НАТО и апсолутно да биде изгласан веднаш.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...