Мицкоски денес оствари средба со Дејвид Вилијам Спраул и Кати Чаба

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (06.12.2019) оствари средба со Дејвид Вилијам Спраул, Генерален Директор за Европа и Евроазија во МНР на Канада и Кати Чаба, Амбасадор на Канада во Република Македонија.

На денешната средба се разговараше за многу теми, политичката состојба, предвремените парламентарни избори во Македонија како и владеење на правото.

Мицкоски на средбата посочи дека се подготвува новата програма на партија на што главен акцент се става на основната стратешка цел, а тоа е членството во Европската Унија. Новата Влада која што ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ има стратегија како да ја стави Македонија на брзата трака за членство во Унијата.

Најголемите проблеми со кои што се соочува денес Република Македонија е криминалот и корупцијата кои станаа секојдневие во државата. Оваа власт наместо граѓаните да ги штити од криминалот тие помогнаа повеќе да се рашири низ земјава.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, напомена по 12-ти април, ќе започне обнова на Република Македонија, каде што повеќе новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за отчетност и транспарентност, ќе работи на вистински реформи кои ќе ја доближат Република Македонија поблиску до ЕУ.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...