Јовевски: Потребна е поголема инклузија на лицата со попреченост

Соопштение до јавноста

Во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ денеска се одржа трибина на тема ,,Лицата со инвалидитет помеѓу правните стандарди и реалните факти” каде присуствуваа претседателот на комисија за труд и социјална политика, демографија и родови прашања, Лазар Јовевски, членови на комисијата како и лица со пречки во развојот.

Јовевски истакна дека потребна е инклузија на лицата со попреченост во општеството, се со цел да се надминат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат.

-Лицата со попреченост се дел од нашето општество и од нашето секојдневие и навистина им е потребнo целото општество, сите граѓани, да посветуваат внимание на прашањата со кои се соочуваат овие наши сограѓани. Во таа смисла денеска имам задоволство да учествувам на трибина која ги опфаќа од една страна правните стандарди кои што се однесуваат на лицата со попреченост, а од друга страна пак реалната, фактичката состојба, проблемите  и предизвиците со кои што лицата со попреченост се соочуваат во Македонија, вели претседателот Јовевски.

Според него потребна е поголема еднаквост на лицата со попреченост, а како пример преку кој може да се постигне тоа ја наведе интеграција на лицата со попреченост преку вработувањето, како и преку работниот однос.

-Во рамките на самата трибина се поставија неколку прашања од кои едно од клучните е прашањето на интеграција на лицата со попреченост преку вработувањето, преку работниот однос  којшто сметаме дека е клучен фактор за нивна еднаквост. Oд друга страна e прашањето на дискриминацијата, и од трета страна прашањето и проблемите за остварување на конкретни права кои што постојат во моментот и права кој што ќе треба допoлнително да се нормираат и права кој што ќе треба да се предвидат во делот на нивна поуспешна интеграција, додаде Јовевски.

На трибината свое учество имаше и Бранкица Димитровска, член на комисијата која што нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е отворена и дава придонес за лицата со попреченост.

-Она што сакам да истакнам дека како партија секогаш сме отворени за нови предлог-идеи. Мислам дека денеска од трибината  ќе се  извлечат  поенти кои се горливи проблеми што нас не оптоваруваат во секојдневието. Ќе направиме некоја анализа која што ќе функционира тука, а ќе ги видиме и практиките во соседството, така да мислам дека ќе имаме една продуктивна трибина, дебата и  мислам дека ќе биде едно општо задоволство за сите, изјави Димитровска.

ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи да организира настани од ваков тип се со цел да ја подигне свеста кај сите политички партии за вклучување на лицата со попреченост  во сите општествени области.

ВМРО-ДПМНЕ  ги разбира горливите проблеми со кои се соочува ова категорија на граѓани и на следните предвремени парламентарни избори ќе понуди соодветни проекти и мерки за нивно решавања.

 

Со почит,
Комисија за труд, социјална политика, демографија и родови прашања

 

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...