Заев е за амнестија, затоа што и сам е амнестиран криминалец

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Антонијо Милошоски

Зоран Заев и СДСМ се за амнестија и аболиција на политичари. Зоран Заев е за амнестија, затоа што и сам е амнестиран криминалец.

Зоран Заев и СДСМ два дена бегаат од предлогот на претседателот Христијан Мицкоски да се усвои законско решение луѓе кои биле аболицирани да не можат да се занимаваат со политика, како и луѓе кои се занимаваат со политика да не можат да бидат аболицирани.

Зоран Заев не го прифаќа предлогот на Мицкоски затоа што се надева дека во иднина ќе биде аболициран за криминалите кои ги прави.

Попусти се сите надежи на Заев. Одговорност за се што стори ќе има.

Амнестии и аболиции за политичари нема да има.

По 12 април следува правда и правна држава.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...