Стевананџија: Во 21 век во држава која што „блеска“ се уште имаме општини каде што нема водовод

На денешната комисија за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија изјави дека во 21 век, 2019 година во Република Македонија која што блеска и која што со огромни чекори граби напред сеуште имаме општини кои што нема водовод.

-И за волја на вистината во тие општини каде што сеуште нема водовод, 29 години континуирано една политичка опција е на власт. Ова е можеби загрижувачки синдром, затоа што само во Република Македонија граѓаните се навикнуваат да е убаво да ги лажете. А лажењето на граѓаните од Липково и од Куманово почнало од 1990 година. 29 години умешно ги лажат а тие им веруваат и викаат супер сме цветаме, истакна Стевананџија.

Според Стевананџија, лажен камен темелник за тој проект за 12 киломентри водовод од Куманово до Липково стави уште почесниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски.

-И во континуитет овие луѓе во ова мултиетничко општество, кое што води грижа за сите и кое што е пофалено од сит, си ги лажат, си ги лажат и им викаат добро е само што не дошла водава. И сега се еден чекор понапред за волја на вистината, му текнало по 29 години дека нивните деца се трујат кога одат на училиште бидејќи пијат неисправна вода и му велат еве сега оформивме јавно претпријатие во Куманово кое што се вика Куманово -План, кај СДСМ се е поврзано со план, план за живот, Куманово план, и план за уништување на Република Македонија.

Во понатамошната дискусија, Стевананџија додаде дека кај СДСМ се почнува набуквата П и ги потсети и за Платформата која што според неговиот колега Тунтев не постоела.

– Тоа беше друг план, тоа беше план за разнебитување на државата, и успеа. Ама на граѓаните на Куманово и на Липково многу им е погодено и многу им е добро и многу му значи ова што после 29 години почна да фунционира Куманово план, заклучи Стевананџија.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.