Кузмановска: Заев и Ангеловска ја задолжија државата за 24 милиони евра, наместо првично планираните 9.2 милиони евра

Интегрален текст од изјава за медиуми на Лилјана Кузмановска

Почитувани,

Зоран Заев и Нина Ангеловска вчера наместо првичните планираните 9.2 милиони евра, ја задолжија државата за 24 милиони евра.

На што и како ќе бидат потрошени 15те милиони евра повеќе од првично планираните никој не знае, како што не знае ни каде се потрошени над половина милијарда евра, пари за кои е зголемен јавниот долг откако Зоран Заев е на власт.

И додека државата засилено се задолжува, а Заев и Нина велат дека блескаме, Стево Пендаровски сака да се исели од државата.

Сакаат да се иселат и илјадници млади, кои заради лошите политики бегаат од државата.

Македонија е земја во која младинската невработеност е над 50% и со тоа највисока во Европа.

Власта да ги насочеше барем половина од парите за кои ја задолжи државата во изминативе години за младите, сликата за Македонија ќе беше поинаква.

На расипништвото му доаѓа крајот. На 12 април граѓаните ќе им кажат не на погрешните и недомаќински политики кои ги избркаа нашите деца од родните огништа.

По 12 април почнува обновата на Македонија.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....