Ѓорѓиевски до СДСМ: Ургентниот центар со кој се фалите во Куманово, е проект на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска на седницата на Комисија за финансирање и буџет се обрати и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски, кој истакна дека Ургентниот центар во Куманово со кој што се фали СДСМ е проект од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

-Почитувана министерке овде има некое недоразбирање, амандманот кој што го предлагам е од неколку причини. Прва причина да се заблагодарам на актуелниот градоначалник Максим Димитриевски што дел од моите проекти од програмата за 2017 година ги реализира во Куманово. А, тоа се кружница, рекреативен центар на Студена вода, а тоа се проекти на ВМРО-ДПМНЕ, тука е и 50 детски игралишта. Да не го заборавиме Ургентниот центар со кој сите се фалат дека е на СДСМ, но првичните скици јас лично сум ги цртал, а средствата ги обезбеди ВМРО-ДПМНЕ, и тендерот беше завршен кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, и фактички тој Ургентен центар е направен од парите на граѓаните, меѓутоа од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски додаде дека не е прв пат власта да присвојува проекти од ВМРО-ДПМНЕ.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.