Главна цел на обвинителството во случајот „Рекет“ е да се прикријат трагите кои водат кон главата на октоподот Зоран Заев

Соопштение до јавноста

Ако за Русковска не е важно каде завршила торбата Луј Витон, за граѓаните на Македонија е многу важно.

Ако за Русковска не е важно кој е на снимката што ја презема торбата Луј Витон од домот на Боки 13, за сите обични луѓе кои ја плаќаат цената на корумпираната и криминална власт е исклучително важно.

Срамно и крајно несериозно е Русковска да покренува обвинение без да ги заврши сите вештачења и истражни дејствија. Тоа покажува дека главна цел на обвинителството во целиот случај е да се прикријат трагите кои водат кон главата на октоподот Зоран Заев.

Затоа и целиот случај се развлекува.Затоа шест месеци откако е пријавен случајот главен фокус на истрагата се Зоки Кичеец, Боки 13 И Катица Јанева, а нарачателите и луѓето кај кои завршиле парите остануваат далеку  од рацете на правдата.

Граѓаните мора да дознаат кои политичари ја злоупотребиле својата функција за рекетирање на фирми и бизнисмени.

Додека граѓаните ги плаќаат политичарите да работат за државата, тие рекетирале милиони од бизнисмени и фирми.

Доколку Русковска сепак ја развлекува постапката и не ги изнесе деталите пред јавноста, таа како и сите инволвирани во милионскиот рекет ќе се соочат со лицето на правдата по враќањето на правната држава во Македонија по 12 април.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...