Манојлоски до СДСМ: Освен „ЌЕ“ направиме и „ЌЕ БИДЕ“ ништо друго не сте реализирале

На денешната седница на Комисија за буџет и финансии се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојлоски кој што посочи дека власта предводена од СДСМ освен еден булевар од пред 12 години друго ништо нема направено за граѓаните од Тетово и полошкиот регион.

На изборите ќе отидете во маало под улицата „Видое Смилевски-Бато“ да барате гласови како и секогаш, сигурно ќе отидете. И еве од тука ве охрабрувам да им објаснете зошто не е регулирано речното корито и зошто тие при секој дожд се плашат дека нивните домови ќе бидат поплавени, истакна Манојлоски пред пратениците на СДСМ.

Манојлоски додаде дека од аспект што има власта направено во Тетово е само еден булевар, кој што го има направено еден нивен сопартиец, и тоа е само што остана нешто со кое што може СДСМ да се пофали.

За целата македонска јавност да знае тој булевар е завршен пред повеќе од 12 години. Освен „ЌЕ“ направиме и „ЌЕ БИДЕ“ ништо друго не сте реализирале. Тетово е универзитетски град и Тетово заслужува многу повеќе грижа. Од тука ги повикувам сите пратеници што доаѓаат од 6-тата изборна единица да ги подржат сите амандмани кои што се донесуваат на тетовскиот односно на полошкиот регион на кој што се предложени со цел да се решат горливи проблеми на граѓаните кои што живеат во тој дел од Република Македонија, појасни Манојлоски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.