Македонските ученици имаат катастрофално лош резултат кој се должи на неспособноста на власта

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Арбер Адеми

Владата на СДСМ само ветува, а ништо не исполнува. Денешната прес конференција на министерот за образование е доказ дека владата е неспособна да спроведе мерки за доброто на граѓаните на Република Македонија.

Во однос на програмата за живот, и ветувањата дадени за време на локалните избори ништо не е исполнето, ниту направено. Инвестиции во областа на образованието нема ниту една.

Македонските ученици имаат катастрофално лош резултат кој се должи на неспособноста на власта. Отсуството на реални мерки кажуваат сами какво образование имаме благодарение на оваа влада. Сите ветувања кои ги дадоа пред изборите ниедно не исполнија, образованието во Македонија го допре дното самите резултати го кажуваат тоа.

Далеку потпросечни се и постигањата на нашите средношколци по математика. Нашата земја според бројот на освоените 394 поени, е на 66 место, а просекот е 489. Пет места пред нас на листата е Босна и Херцеговина, а цели 18, односно 19 места пред нас се Албанија и Бугарија.

Од државите во регионот сите освен Косово се рангирани пред нашата земја, Споредба на перформансите на земјите и економиите во разбирањето на читањето осум земји се со просечни оценки под просекот на ОЕЦД, меѓу кои Саудиска Арабија, Јордан, Либан, Молдавија и нашата држава.

Крајот на оваа влада се ближи, на 12-ти април по победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе започне обнова на Македонија, со што и подобрувањето на образовниот систем во државата.

 

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...