Кузмановска: Заев и Ангеловска денеска ќе ја задолжат државата за нови 9.2 милиони евра

Интегрален текст од изјава за медиуми на Лилјана Кузмановска

Почитувани,

Зоран Заев и Нина Ангеловска денеска ќе ја задолжат државата за нови 9.2 милиони евра.

Власта расипнички се однесува  со народните пари. Не поминува месец без милионско задолжување. Откако Зоран Заев е на власт јавниот долг надмина 5.2 милијарди евра.

Јавниот долг за време на Заев е зголемен скоро половина милијарда евра, а ништо не е направено, нема нови патишта, железници и објекти. Автопатот Демир Капија – Смоквица и Миладиновци – Штип, се финансирани и завршени во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Нема стадиони, нема сали, нема болници, нема нови објекти за државните институции. Нема ништо!

Дека ништо не се работи доказ е и реализацијата на капиталните инвестиции кои  за цели 10 месеци изнесуваат 40%. Доколку не направеа ребаланс на  буџетот сумата потрошена на капитални инвестиции ќе беше 36% од таа што сами ја предвидоа. Очигледно се понеспособни и од тоа што самите го мислат за себе.

Во ситуација кога ништо не се гради, никој не знае каде се трошат милионите од секојдневните задолжувања, кои за 5,10 или 20 години ќе ги враќаат идните генерации со камати.

Расипништвото мора да запре. По 12 април ќе има одговорност за секој денар потрошени народни пари на криминоген начин.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...