Јанушев: Златниот рудник на Заеви- општина Струмица, продолжува со матните тендери

Златниот рудник на Заеви, општина Струмица, продолжува со матните тендери. Јавното комунално претпријатие во Струмица има 420 вработени, но сепак склучува договор за собирање на смет со приватна фирма за, внимавајте, 1.200.000 евра за 1 година!!!, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Директорот на ЈКП Струмица, Зоран Ѓоргиев, кој патем е еден од најблиските соработници на Зоран Заев, се “обидува” да го оправда склучување на договорот со истрошениот возен парк и зголемениот обем на работа. Колку нови возила за собирање на смет може да се купат за 1.200.000 евра, кои притоа ќе бидат сопственост на општината и ќе се користат со години, тоа веројатно не ги интересира овие од криминално-рекетарската банда на Заев?!? Фирмата ДасМак од Струмица, до пред неколку месеци имала 4-5 вработени, а од прилика пред еден месец распишува оглас за вработување на 12 лица за собирање на отпад (огласот е распишан на 23.10.2019 година и траел 3 дена, до 26.10.2019 година). Како да знаеле дека ќе го склучат договорот?, пишува Јанушев на Фејсбук и додава:

„Значи, ЈКП Струмица со 420 вработени не може да се справи со сметот, бидејќи е зголемен обемот на работа, барем така тврди директорот, ама фирмава на која ќе и плати 1.200.000 евра за 1 година, со помалку од 20 вработени ќе погрижи се да биде “цакум-пакум”?!? П.С. – и додека Заев и СДСМ зборуваат за независно правосудство и обвинителство, сопругата баш на овој директор од ЈКП Струмица пред неколку месеци е избрана за член на судски совет, интересно нели?“.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...
</