Интервју со претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Од младите се вработуваат само синовите и ќерките на функционери на СДСМ

Интерјву на Јован Јаулески, Претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ за порталот Лидер

Со над 50 проценти студентска невработеност, неквалитетно високо образование, со младинска гаранција само за децата на функционерите на СДСМ и со лажни ветувања секако дека младите во Македонија ќе купуваат карта во еден правец, вели во интервју за Лидер, Јован Јаулески претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

 – СДСМ на младите им ветуваше 500 евра плата, им ветуваше подеднакво вработување за сите, а гледаме дека се вработуваат само синовите и ќерките на функционерите на СДСМ, стипендии добиваат ќерката на Никола Димитров, синот на Хари Локвенец, децата на Мира Дизел, ветуваа студентски град, намалување на младинската невработеност, ова е само дел од понижувањето кое Заев им го приреди на младите, изјави Јаулески.

Тој вели дека исселување имало и ќе има, но потребно конечно креирање на предлози и решенија, чесен и искрен пристап кон секој млад човек, да не се лажат младит и да се согледааат нивните очекувања и да се даде максимум за тоа да се подобри.

– Имаме тотална нефункционалност на Закон за образование кој беше донесен пред една година. Нема Агенција за квалитет на високото образование, не е формиран одбор за акредитација и евалуација, нема студентски правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, нема формирано студентско организирање, објаснува во интервјуто за Лидер Јаулески и додава дека тоа што го добивме во овие 500 дена од оваа власт е „студентски пратеник“, Ивана Туфегиќ која брутално ги злоупотребуваше студентите пред три години, додека квалитетот на образование не е на рангот со афричките земји.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...