Власта ја краде државата, а органите на прогонот и судската власт му слугуваат на аболицираниот Заев

Откако Зоран Заев дојде на власт  секоја пора во општеството е силно криминализирана.

Во Македонија денес имаме срушен правен и економски систем, благодарение на Зоран Заев. Власта ја краде државата, а органите на прогонот и судската власт му слугуваат на аболицираниот Заев.

Секоја нова афера и скандал е поголем од претходниот. Нема разрешница за ниту еден скандал досега. Нема разрешница ниту за скандалот кој самите го објавија за наводното прислушување на обвинители, нема истрага ниту за криминалните иновации, нема истрага ниту за градоначалникот кој тепаше вработен во својата канцеларија. Нема разрешница за пратеникот кој набавуваше недозволена супстанца, кој наместо во обвинителство, шета како аналитичар по телевизиите. Нема истрага за набавката на системот за контрола на летање, ниту пак за тендерот за хеликоптерите за кои на никој се уште не му е јасно каде е економската логика за работа на овој проект, освен се разбира парите за кои има сомнеж дека треба да завршат во приватни џебови. Нејасен е мотивот за пуштањето од притвор на Катица, за одговорноста за бегството на убиецот на Нешкоски и редица други.

Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ бара:

1.Да се направат законски измени со кој ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија, да се занимава со политика или да врши јавна дејност во државата.

2.Да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика, бидејќи уште во 2008-та година и случајот „Глобал“ се покажа дека правдата кај нас се изигрува преку несовесно давање на амнестија.

Граѓаните на Република Македонија не веруваат во амнестии, туку веруваат во правда и принципи.

Потребно е да се создаде систем кој независно ќе суди, ќе докажува криминал и ќе има одговорност за сите кои докажано се огрешиле кон законите и Уставот.

Принципот на правда и правичност еднакви за сите ќе се воспостави по 12 април кога ќе бидат поразени криминлните, антидржавни политики на Зоран Заев и ќе почне обновата на Македонија.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...