Шест дена надлежните молчат за скандалот Вирус во кој рекет барала Агенцијата за лекови

Интегрален текст од изјава на Кирил Лазов 

Почитувани,

Вирусот од рекет, сомнителни тендери, корупција прераснува во  епидемија.

Поминаа 6 дена од новиот скандал наречен Вирус во кој јавноста беше сведок на јавно признание на сопственик на фармацевтска фирма како сведочеше дека му е побаран рекет од Агенцијата за лекови. Шест дена молк од надлежните.

Внимавајте, побаран е рекет токму од оваа институција која е регулаторно тело – Агенцијата за лекови. Оваа е нов скандал Вирус, кој следи по повеќето како Рекет 1, Рекет 2, Кеш…. и да не ги набројувам сите, многу се.

Не само што молчат надлежните од Агенцијата за лекови и од Министерството за здравство, во јавноста кружат и информации дека ова е само еден од низата вакви случаи, во оваа институција.

Како да има пракса, на секоја фирма што ќе побара дозвола, решение и слично од Агенцијата за лекови, да им се бара рекет.

Оттука последниот случај е повод дополнително да се охрабрат сите сопственици на фирми на кои им бил побаран било каков надоместок, рекет веднаш да пријавуваат до надлежните.

Мора сите да се охрабрат и да пријавуваат вакви незаконски и криминални дејствија зошто наскоро доаѓа обновата на Македонија. Наскоро вакви дејствија ќе бидат одлика на едно минато, црно време во кое владееше СДСМ.

Повик до надлежните во Агенцијата за лекови да даде одговор на јавноста, за ова јавно признание за Рекет.

Воедно, повик и до министерот за здравство, Венко Филипче познат како министер во чиј ресор се случија низа на скандали, сомнителни тендери, да се охрабри и да реши барем еден случај.

Наскоро на рекетот и сите сомнителни активности во здравството ќе им се стави крај. И не само во здравството, туку во сите области.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...