Кузмановска до Владата: Не ве бива за ништо

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Лилјана Кузмановска. Таа кажа дека проектот Топлификација на Битола, Могила и Новаци е многу битен за граѓаните кој меѓу другото е почнат од ВМРО ДПМНЕ а кој сега од владата на СДСМ е стопиран.

Имено, Кузмановска истакна дека срамота е на сите обезбедени средства за проектот владата на СДСМ да го стопира овој проект кој претходно ветувала дека со сигурност ќе го оствари.

Пратеничката, потсети дека лично премиерот Зоран Заев ветил дека Топлификација на Битола , Новаци и Могила со сигурност ќе се спроведе и кажа дека од 2016 година до Мај 2018 година нема ништо од овој проект.

Таа потенцираше дека овој проект е многу битен и за животната средина за која СДСМ на чело со премиерот Заев ветуваа дека ќе се превземаат мерки но исто така ништо и од тоа немаат остварено .

– Започнат е , изработени се сите проекти за инфраструктура , со ревизија за истите , изработени се сите основни проекти со сите фази за сите објекти на целокупниот систем со ревизија на истите изработени се геодетските елаборати, изработена е проценка на процесот на експропријација и т.н и ништо нема . И кога ќе каже колегата дека не ги бива за ништо колега вистина не ги бива за ништо, истакна Кузмановска.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...