Денес сме собрани да оддадеме почит и признание на столбот на секое модерно општество, да оддадеме почит на жената и да одбележиме 22 години од оснивањето на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, рече во своето обраќање претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

-Денешниот ден го посветуваме на визијата, на чистата мисла и стремежот на Марија Јорданова и иницијативниот одбор за формирање на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, која токму на овој ден во пензионерскиот дом во Велес одлучиле да ја формираат УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ласовска.

Таа истакна дека точно знае во какво време била формирана унијата и со какви проблеми се соочувала истата.