Јанушев од Македонска Каменица: Ние сме Македонци кој што живеат во Република Македонија и тоа не може ништо да го смени

Интегрален текст од изјава за медиуми на Игор Јанушев–Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Најмногу се жалат како и секаде каде што одиме со кампањата „Разговори за Обнова на Македонија“ особено во  источниот дел од Република Македонија во однос на иселувањето, особено иселувањето на младите. Меѓутоа и она што е забележливо особено последните 2-3 години е дека се иселуваат и буквално цели семејства без разлика на возраста, едноставно луѓето си бараат подобар живот, нешто што во Република Македонија со оваа криминално-рекетарска власт го немаме.

Но, исто така овде во Македонска Каменица луѓето зборуваат и за реалните проблеми односно ветувањата и манипулациите кои што ги прават не само од централната, така и од локалната власт бидејќи буквално ништо не е реализирано, ниту патот до рудникот  „Саса“ е направен како што ветуваа, ниту е отпочнато со работа индустриската зона што и те како ќе дадеше една инекција за целиот овој регион во однос на вработувањата и на тоа да луѓето ги мотивираме да останат во нашата држава. Меѓутоа не е ништо направено и во однос на санација на градинките, училиштата и се она што го имаа како дел од изборната  програма.

Новинарско прашања:Македонска Каменица е еден од  најпарадоксалните градови бидејќи овде се наоѓа компанија која има меѓу најголемите профити во државата, а од друга страна пак Каменица е град-синоним на иселувања. Ваш став во врска со тоа? Која е причината?

Одговор на новинарско прашање: Тој парадокс ни се јавува низ целата држава бидејќи живееме во едно време во едно општество каде  што едноставно никој не сака дополнително да вложи, никој не сака да го прошири бизнисот бидејќи гледа во какви услови живееме. Сите оние афери кои што излегоа првично почнувајќи од аферите во однос на земањето на рекет, целиот овој криминал што го гледаме, што се случува доведе до една ситуација каква што имаме денеска. Меѓутоа ги охрабрувам граѓаните бидејќи ова е нешто што го имаме, што завршува за многу брзо и имаме речиси еден месец од денеска до формирањето на техничката влада која што ќе треба да се погрижи спроведувањето на изборите на 12 април да поминат во најдобар ред. Едноставно атмосферата секаде каде што бевме, а поминавме речиси цела Република Македонија е дека оваа власт на Заев паѓа, колку се во голем очај, колку се во една ситуација каде што буквално веќе не знаат како  да изманипулираат и на кој начин со граѓаните како да ги излажат. Видовме една несреќна изјава  вчера на премиерот Заев, па така сакам денеска да му порачам дека да општеството е мултиетничко, општеството е мултикултурно, меѓутоа денеска од Македонска Каменица порачуваме дека ние сме Македонци кој што живеат во Република Македонија и тоа не може ништо да го смени.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...