Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Дали очекувате обвинителството за организиран криминал и корупција имаше нели увид во трошењето кое беше во СЈО, да провери како се потрошени тие пари? Дали очекувате од нив да се отвори некоја постапка?

Одговор: Па јас сметам дека една ваква компаративна анализа апсолутно покажува поврзаност помеѓу процесите кои што се одвиваа во Република Македонија, особено во изборните процеси и зголемената исплата на пари кон определени физички лица кои што се добро познати како поддржувачи на политиките на Зоран Заев и оние кои што влегуваа во кампања на СДСМ во тие процеси.

Прашање: Функционери на власта се уште продолжуваат да кажуваат дека доколку има потреба заради НАТО можат да се одложат изборите, ова вчера го кажа и министерката Шекеринска. Што доколку власта одлучи да ги одложи изборите? Дали имате конкретни чекори кои што би ги презеле?

Одговор: Па не верувам дека власта сама може да одлучи да ги одложи изборите. Секако тоа е се можно со власта на Зоран Заев, меѓутоа од друга страна тоа само ја покажува паниката, стравот и она што значи реалност во нивните сознанија каква е состојбата и дека изборите ќе ги изгубат и тоа со огромно мнозинство.

Почитувани, ќе ја искористам  оваа прилика да кажам и еден став кој што го имаме по однос на што се случуваше со уставниот суд и едно од прашањата, веројатно имаше и некој од вас. Ќе искористам и оваа прилика  да го кажам ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на отворањето на прашањето за амнестиите во Уставниот суд.

Почитувани, криминалецот размислува криминално. Тој што избегал од правдата на нечесен начин, со измама и со тоа дошол на власт, на ист начин, шверцерски повторно ќе се обиде да ги измами граѓаните. Тоа е суштината на овој театар што го сервира деновиве Уставниот суд со темпирано отворање на иницијативата за разгледување на уставноста на член 11-а од Законот за помилување. Стотици иницијативи за многу посуштински закони кои што имаат огромно влијание на секојдневното живеење на граѓаните во Република Македонија со години се чуваат во фиока, но Уставниот суд одлучи дека токму оваа иницијатива, после цели три ипол години добива приоритет и треба да добие приоритет баш во ова време. Гледаме дека дури и самиот подносител на оваа иницијатива е зачуден како уставните судии одлучиле да ја земат да работат токму оваа иницијатива, токму во овој момент, иако самиот вели дека во исто време поднел пет иницијативи. Јасна е намерата, провидни се целите. Наместо да се говори за аферата „Кеш“, наместо да се бара одговорност и завршување на истрагата, јавноста сега треба да се занимава со стари иницијативи и да разговара за амнестиите и аболициите. Наместо будно да се следат малверзациите за случајот „Рекет“ кој наскоро влегува во судска процедура, јавноста повторно треба да се занимава со одлуките на поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов. Наместо да се отвораат актуелните криминали на Зоран Заев и на власта за „Рекет 2“, набавката на хеликоптери, крвавите тендери на Венко Филипче, и десетици други криминални скандали, граѓаните треба да се враќаат четири години назад и да не гледаат како во моментов се ограбувани и граѓаните и буџетот. Политичката намера е премногу јасна. Одлуката на Уставниот суд да ја отвори иницијативата во овој момент е политичка, а не е правна. Јасен е и нарачaтелот кој што може да стои зад оваа одлука. Само на политичар кој што е аболициран за тежок криминал, може да му текне да ја злоупотреби аболицијата во овој момент. ВМРО-ДПМНЕ принципиелно е против амнестии и против аболиции. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи амнестии и аболиции. Доколку Заев продолжи со неговиот план и ги разгневи граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со нив на протести.

Прашање: СДСМ поднесе до собранието предлог за автентично толкување  во членот 11 и пратеникот Костадин Костадинов ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат. Ќе се вклучат?

Одговор: Театарот што  го создава СДСМ  е добро познат на јавноста, сега треба да разговараме за нешто што поминало пред 4 години, зошто не се поведе да се испита да речеме  до каде е случајот, до каде се истрагите во обвинителството за сите оние криминалии којшто се поднесени обвиненија од страна на ВМРО-ДПМНЕ и од страна на граѓаните за актуелни случаи. Зошто не се поведе да се види до каде е случајот „Рекет 2“ во обвинителството, до каде е „крвави тендери“, до каде е „изборниот поткуп“, до каде се сите оние поднесоци, до каде е „Леонардо“, до каде е „Тополки“, до каде е ДКСК  со истрагата за Глобал којшто  сама го отвори за Зоран Заев. Не, треба да се зборува за нешто што можеби повторно треба да се навраќа на аболиции, на нешто што се случило пред 4 години, а не за актуелната пљачка што се врши овој грабеж што се врши на буџетот на Република Македонија.

Прашање: Во врска со оваа нова афера којашто ја презентиравте, имате документи, докази коишто ги поднеле до обвинителството?

Одговор: Секако дека доколку ЈО не повлече само дека ВМРО-ДПМНЕ ги поднесува иницијативите до обвинителството, оттаму нема никаква реакција за сите оние поднесоци што се од страна на опозицијата, иако тоа е дел од работата и од надлежноста на ЈО да повлекува по допрен глас, по прес конференција да отвара истраги.

Прашање: Конкретни имиња за техничка влада?

Одговор: Сеуште нема.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...