Ние не размислуваме од денес за утре, ние ја гледаме и ја проектираме иднината на Македонија како ќе изгледа за 30 години

Интегрален текст од обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Добар ден за Кочани,

Добар ден за присутните овдека денеска, ви благодарам што ете одвоите дел од вашето време да ја подржите акцијата „Разговори за Обнова Македонија“. Преку овие разговори сакаме практично да се видиме очи во очи, лице во лице, гради во гради со нашите граѓани.

Веќе трети месец по ред таму некаде од крајот на септември  почнавме , поминавме  нколку десетици градови низ  Македонија, стотици села, булевари, улици. Разговаравме со илјадници наши сограѓани, добивме повеќе од 30 000 последната бројка и не ја знам на проблеми, сугестии, идес од страна на нашите сограѓани. И кога од оваа перспектива би ја ценел оваа теренска активност би рекол дека кога почнувавме многу помалку се надевавме за успешноста на акцијата, но очигледно дека е толку тешка  денешната реалност во Македонија што луќето едвај чекаа  да  оваа денешна реалност предводена од Зоран Заев и СДСМ побрзо заврши. Ќе имаат граѓаните на Македонија, македонскиот народ, но и останатите граѓани на Македонија на 12 април имаат можност гласно да зборуваат позади параванот кога ќе треба да заокружуваат.

Јас сум убеден на 12-ти април дека таа коалиција ќе биде победничка, а победата на тој ден ќе биде историска бидејќи тогаш ќе започне третата вистинска револуција за Македонија која што ќе трае и во иднина.

Тешко е денешното секојдневие, тешка е денешната реалност во Македонија. Ако ги иземеме Зоран Заев и неколчкумина негови обожаватели како што се да речеме Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и малкумина околу нив кои што денеска уживаат во привилегиите на власта, во сето она кое што им е овозможено благодарение на макотрпната работа на нашите сограѓани, сето останато денеска тешко живее, буквално крај со крај врзуваат нашите сограѓани.

Па и оттука е нивната забеганост, одлепеност од реалноста е толку голема што потсетува на оние времиња од транизицијата кога нашите родители, нашите баби и дедовци практично остануваа без работа преку ноќ бидејќи овие тогашни новопечени црвени буржуи кои што ја предводена реформираната комунистичка партија и се претставуваа како СДСМ г озаграбуваа сето она кое што народот макотрпно го печалел.

Истото е и денеска, само денеска не се вика транзиција туку се нарекува „Рекет“. Популарно наречено „Рекет“, рекетирање на секој чекор, на секое ниво, без разлика дали е локална самоуправа каде што имаме градоначалници кои што се од редовите на СДСМ или пак зборуваме на централно ниво каде што имаме министри, заменици, директори, функционери кои што се предложени од СДСМ.

Но јас ќе се вратам неколку години наназад и ќе ве потсетам на сето она кое што во таа изборна 2016-тата година овие властодршци денеска пред да започнат со нивниот рекет, конвертирана транзиција само во поново време, овие три години го ветуваа пред нашите сограѓани додека шетаа по улиците, додека бојадисуваа, додека уништуваа, додека кодошеа нашата држава и кога се срамеа од сопствениот народ.

Се сеќавате тука во Кочани посебно ветуваа кај земјоделците, кај оризопроизводителите и велеа оризот и оризовата арпа сигурно ние ќе ги пласираме, ќе најдеме пласман за нив и ќе најдеме пласман по цена од 25 и 50 денари. Бев пред некој месец тука, септември беше, го отворавме штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, разговаравме со оризопроизводителите и буквално најголемиот дел од нив ми рекоа планираме до година и да не ги ожнееме нивите, да не ги посееме, затоа што не само не се исплати туку и потешко никогаш не било. Уште една голема невистина само за да може да се зграбат до привилегиите во Владата, само за да може да се амнестираат од злоделата кои што ги правеа во минатото.

Ветуваа на пензионерите дека секоја година за 1-проценти ќе им зголемуваат пензиите, а во 2017-тата на први јануари што направија, истите тие пензии кои што со години наназад беа зголемувани им ги намалија. Го укинаа столбот каде што пензиите се нивелираа соогласно порастот на просечната  плата и така секој пензионер во втората половина од 2019-тата губи месечно по најмалку 700-тини денари.

Истото тоа ќе продолжи и во првата половина од 2020-тата и во втората половина од 2020-тата, загубата во пензиите на секој пензионер почнувајќи од 1 јануари 2019-тата, завршувајќи со 31 декември 2020-тата е 1400 денари. И потоа ќе се појави Зоран Заев со онаа министерка галена, наречена Мила Цароска ќе излезат и ќе речат безсрамно ќе го лажат пензионерот, еве од први јануари ние ќе ви ги покачиме пензиите за 700 денари, оние што ви ги земавме во 2019-тата, оние пензии кои што ви следуваа во 2019-тата сега ќе ви ги покачиме и ние сме добрите, а овие Вмровците тие се лошите тие биле против пензионерите. А само да ве потсетам од 2010-тата заклучно со 2016-тата година секоја година пензиите растеа, а во последните три години секоја поединечна пензија растеше по 5 проценти. Или вкупно за тој период за 35 проценти се зголемени пензиите на пензионерите.

Додека пак од 2016-та до 2019-та, три години власт чизма на СДСМ и Зоран Заев, скромни 5 проценти. Знаат пензионерите да направат разлика, а таа разлика ќе ја покажат на 12-та април 2020-тата со огромната поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и „Обновата на Македонија.

Ќе ве потсетам, и за младите ветуваа, ветуваа младинска гаранција. Ветуваа за младите вистинско образование, ветуваа реформирано образование, високо образование. Ќе направеле конкурентни универзитети. Образование да добијат младите кое што ќе биде конкурентно со нивните врсници од Европа.

Ветуваа дека ќе даваат поддршка за младите земјоделци, за да денеска реалноста е сосема спротивна. Ништо од ветувањата.

Ветуваа библиотеки, и ветуваа студентски градови. А што прават денеска? Денеска за жал, поради ова тешко, мачно, црно време и оваа тешка и траорна реалност во Македонија младите се повеќе ги полнат куферите и ја напуштаа државата. Ја нема ниту младинската гаранција, го нема тој толку ветувани очекуван студентски град. А што се однесува до реформираното високо образование, ни трага ни глас.

Направија еден обичен закон за да можат со два обични труда да ги бираме во редовни и вонредни професори, затоа што се некадарни да напишат еден труд во влијателно списание. Е такви се реформите по рецептот на тогашната министерка за образование, а сегашна министерка за правда, Рената Тренеска Дескоска, Зоран Заев, Шекеринска, Спасовски и останатите.

Само невистини, само лаги и неговорење на вистината пред луѓето. Но младите знаат да ценат. Знаат да го вреднуваат сето она кое што во минатото беше направено и она што ќе го понуди во новата програма ВМРО-ДПМНЕ. И сето тоа громогласно ќе го кажат на 12-ти април 2020-тата  со огромна поддршка за обновата на Македонија и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што знаат да прават разлика.

Ќе ве потсетам, ветуваа дека немало да има мир затоа што немало правда. Се сеќавате на оние обоени револуционери кои што бесрамно шетаа по улиците и се обидуваа на насилен начин, легитимна Влада да урнат. Се сеќавате на тие бесрамници.

Каква е денеска реалноста?

Од толку очекуваното и најавувано Специјално јавно обвинителство кое што требаше да биде лулката, колевката на правдината, бескомпромисен борец за правото и правдината се претвори во дувло на криминал и корупција, која што му била алатка и на располагање на Зоран Заев со ваши пари. Седум милиони евра годишно се трошени пари таму. Седум милиони евра се трошени пари за да можат да летаат хонорари по 150, 170 илјади евра, во обвинителите. За да можат да имаат месечни примања по пет и пол, шест и пол илјади евра, додека народот гладува, додека народот едвај крај со крај врзува од први до први.

Да може да корумпираат директно или индиректно судии, да вработуваат внуци, ќерки соседи на судии за да можат да носат пресуди како онаа која што ја донесоа оние судии за случајот “Поткуп“, каде што цела нација, цел народ, сите граѓани гледаа како Зоран Заев бараше евро за брат му, евро за црквата. А вие тоа не сте го гледале, бие тоа не сте го слушале затоа што преку СЈО се корумпираа тие луѓе.

Се корумпираа новинари да пишуваат текстови со ловорики за  Зоран Заев и тие малкумина околу него. Се корумпираа адвокати, се корумпираа креатори на мислење да пишуваат лажни колумни. Сето она кое што требаше да биде лулка и колевка за правдата, сето она кое што требаше да биде безкомпромисен борец за правото и правдината преку ноќ, како една голема тажна слика која што разочара многу наши сограѓани кои што тогаш поверуваа дека навистина е дојден денот кога правдината и правото ќе владеат со Македонија. Но за жал, сето тоа беше една алатка на Зоран Заев за да врши притисок, за да уценува политичари, да рекетира бизнисмени. Ете тоа е таа реалност која што ни ја донесе Зоран Заев.

А, денеска ќе го видиме како позади завеса се договара со оние остатоци кои што ги направија уставните измени во собранието и сака на мала врата преку Уставен суд да ја реактуелизира аболицијата. А при тоа, виновен да биде ВМРО-ДПМНЕ. Криминалецот има само криминален ум и ништо повеќе од тоа. ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи.

ВМРО-ДПМНЕ е против било каква шверцерска аболиција или помилување на политичари кои што се огрешиле на ваков или таков начин. Но не само на политичари, туку и на секој оној без разлика дали е од ВМРО-ДПМНЕ, дали е од     СДСМ или било која друга политичка партија, а ги прекршил законите, се осрамотил пред граѓаните треба да сноси одговорност и да одговара.

А, јас ви ветувам, дека после 12-ти април, на 13-ти април преиспитајте се што сте правеле вие господа од СДСМ, нема ниту една аболиција, ниту еден Стево Пендаровски да ве спаси. Од прв до последен ќе одговарате за злоделата што ги направивте на овој народ и на оваа држава. А вие можете шверцерски да договарате, притискате и уценувате и корумпирате судии. Можете да си туркате приватни агенди. ВМРО-ДПМНЕ, јас лично ниту поддржуваме ниту некогаш ќе поддржиме.

ВМРО-ДПМНЕ, јас лично ниту поддржуваме, ниту некогаш ќе поддржиме. И ако народот се организира да протестира против вакви криминални одлуки, нас ќе не најдете во првите редови против оваа неправда. Ние сме за правда, владеење на правдата и владеење со правото.

Се фалеа дека ќе била економска година, почитувани браќа и сестри, граѓани на Кочани. Се фалеа дека оваа била бум, готово Зоран Заев пресврт направил. Излегоа податоците за вработените во индустријата 2,2 проценти имаат помалку вработени во индустријата во октомври оваа година, споредено со октомври минатата година. И повеќе од еден ипол процент од почеток на 2019-тата година споредено со истиот период во 2018-тата година. Тоне индустријата, тоне индустријата, а од друга страна очекуваат економска година. Тоа го нема ниту во теоријата, ниту во праксата.

Велеа рекордни странски инвестиции, донесле во Република Македонија, излегоа податоците од третиот квартал, последни сме во регионот. Последни во регионот, а богами и во Европа. Скромни од почетокот на годината, скромни нешто повеќе од 100-тина милиони евра, а додека нашите соседи милијарди книжат, милијарди евра странски инвестиции. Затоа што имаат систем кој што функционира, а не политичари кои што рекетираат. Затоа што знаат да донесат квалитетна странска инвестиција, а не да ги бркаме со уцени рекети и закани. Е затоа се додека овие луѓе ги имаат узурпирано кабинетите во Владата и се додека се наоѓаат во државните и јавните институции, неспособни и некомпетентни луѓе ние нема да се поместиме ниту скалило од последното место и во регионот, а богами и во Европа.

Каде е таа економска година, каде се резултатите?

Се сеќавате ли на оние обувки, чевли кои што ги редеа пред Владата? Каде е сега да одговори Заев, Шекеринска, Спасовски, каде се сега да кажат колкумина дојдоа по сопствениот пар обувки да ги облечат? Или пак листата на тие чвели се зголеми, па денеска имаме три пати повеќе чевли од она што беше тогаш реалност во Македонија. Погледнете што вели европската статистика, рекордна година на наши сограѓани кои што со своите семејства ја напуштија Македонија во 2018-тата година, рекордна, повеќе од 33 илјади наши сограѓани.

Каде е тој бран кој што велеа дека ќе го вратат назад? Велеа дека ги нема нашите сограѓани, нашите врсници. Не само што не успеаја туку полошо никогаш не било. Редици се чекаат денеска пред амбасадите во Скопје за работни визи. Полни се автобусите, пероните и аеродромите со луѓе мои што ја напуштаат Македонија.

Но овие нечесни политичари и без ни малку срам наместо да сносат одговорност, да не погледнат во очи и да речат она нивното се сеќавате кога ќе погрешат извини. Барем малку да има покајание. Не, тоа нема да го сретнете. Туку ќе ја видите нивната забеганост. Ќе ја видите нивната надменост. Ќе ги видите нивните притисоци, закани и уцени, но само прекор, одговорност не можете да начекате.

Затоа браќа и сестри на 12 април 2020 е денот кога е потребна нова револуција на Македонија. И е потребен третиот Илинден затоа што од тогаш заедно со народот треба да отпочнеме да испишуваме една нова историја,историја на модерна европска држава, просперитетна држава која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот во Македонија.

Тоа е нашата визија, тоа е битката на нашата генерација, од нашата мила Македонија да направиме место кое што ќе биде гордо, почитувано, достоинствено. И луѓето кои што денеска ги напуштија родните огништа да си се вратат назад. Затоа што ќе има работа за сите и напредување согласно компентенциите и знаењето. А, не затоа што некој близок свој или некој близок со тој. Тоа е суштината за која што ние се бориме.

Следните денови веднаш по завршување на оваа акција „Разговори за обнова на Македонија“, откако ќе ги собереме сите сугестии, откако ќе ги видиме сите оние идеи, проблеми, ќе излезе и новата програма со која што ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе настапиме на следните предвремени парламентарни избори. Покрај оној дел од предвидениот каде што ќе понудиме решенија за нашите сограѓани, во вториот дел нашата програма ќе се темели на три столба.

Првиот столб е владеење со правото. Безусловна примена на правдината.

Вториот столб е дигитализација. И некој денеска ќе рече што запнал овој со таа дигитализација, луѓето немаат леб да јадат. Затоа што за 20, за 30 години од денеска она општество коешто нема да биде дигитализирано ќе му претстои огромен предизвик за опстанок. Ако некој пред 20-тина години ги прашаше помладите генерации, па и оние средните, па и постарите дека денеска денот не можеме да го замислиме без нашите смарт телефони, без нашите смарт алати. Така ќе биде за 20, за 30 години од сега. Колку побргу тоа ќе го направиме толку побргу ние ќе бидеме отчетни и транспарентни пред граѓаните. Комбинација на дигитално општество, диги Македонија, заедно со владеење на правото и владеење на правдината дополнето со македонизмот назад во Македонија е гаранција за модерна и успешна држава. И е гаранција за убедлива на 12 април 2020 година.

Ја споменавме дигитализацијата пред некој ден, еден ист ваков собир во општина Центар, следниот ден оној министер држеше прес конференција за дигитализација во администрацијата, колку лажно. Колку дволично и лицемерно. Од една страна на дневна основа ја полнат администрацијата со неспособни и неконпетентни партиски кадри, а од друга страна ќе ни продаваат приказна за дигитализација. Па немојте до кога ќе продолжите да го лажете сопствениот народ, до кога ќе продолжите да копирате? Немате ништо свое автентично да понудите. Или не ја говорите вистината или копирате од нас. Па барем да ископиравте како што треба. И тоа што го наследивте не можете да го искречите. А, камо ли некој друг проект да направите.

Затоа на 12 април е решението на ова неправда која што денеска владее со нашата држава. Јас затоа ве замолувам и ве повикувам масовно да се придружиме на обновата. Нека се чуе гласот и низ улиците, и низ плоштадите, и низ булеварите и по домовите на нашите соседи, на нашите пријатели, роднини, другари, дека доаѓа обновата на Македонија. Да не очајуваат, да не ја губат надежта, да не ја напуштаат Македонија. Да не бидат песимисти доаѓа прогресивна сила која што знае како да ја обнови Македонија. Која што има план, која што има визија за следните 30 години.

Ние не размислуваме од денес за утре. Ние ја гледаме и ја проектираме нашата иднина и нашата заедничка Македонија како ќе изгледа за 30 години. Тоа е нашата битка и тоа е битката на оваа генерација, честита, чесна, праведна Европска модерна држава. Затоа ве молам дојдете и придружете ни се, за тоа да го создадеме заедно потребен ни е последниот столб, а тоа е македонизмот назад во Македонија.

Затоа што македонскиот народ е чесен народ, но исто така се чесни нашите соседи од другите етникуми, кои што се наши соседи, наши пријатели. Ова е наша заедничка Македонија. Да ние сме Македонци кои што говорат македонски јазик и се од Македонија, но и вие сте Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и останати исто така од Македонија кои што го говорите македонскиот јазик.

Ова е нашата Македонија и сите ние треба да се бориме, заеднички да нашата Македонија успее. Да си поставиме сите прашањето, што можеме ние да направиме за неа, а не што може таа да направи за нас. Назад македонизмот во Македонија, доста ни беа пропаганди, доста ни беа антиквизации или наметнати севернизации, нас ни треба македонизмот назад во Македонија.

Ова е браќа и сестри она врз основа нашто ние ќе ја темелиме иднината на нашата држава, владеење на правото, владеење со правдината, безкомпромисна борба со криминалот и корупцијата. Нула толеранција, диги Македонија, дигитално општество, иднина да градиме заедно и на крај, назад македонизмот во Македонија, тоа е она кое што нас денеска насушно ни е потребно и тоа е она кое што ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата за „обнова на Македонија“ и најголемата коалиција, а тоа е коалицијата со народот, ќе извојува огромна сенародна победа на 12-ти април 2020-тата година.

Сосема на крај ќе ми дозволите уште еднашка да ви се заблагодарам за присуството, за времето кое што го одвоивте оваа сабота на ручек. Знам дека можеби, не можеби туку сигурен сум дека е подобро да сте заедно со семејствата на ручек, но мислам дека не беа залудно потрошени овие неколку десетици минути.

Да сте ми живи и здрави.

Да ни е жива и здрава и вековита Македонија.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...