Нелоска:Остро го осудуваме актот на пратеникот Костадин Ацевски врз својата сопруга

Интегрален текст од изјава за медиуми на Ленче Нелоска, Претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ на ОК Ѓорче Петров

Драги сограѓани,

Во духот на 16-те дена активизам за борба против семејното насилство Унијата на жени на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров, спроведува акција со која што сака да ја подигне свеста на Ѓорчепетровци, како и да ги потврди своите силни заложби против оваа немила појава.

Ќе го обоиме Ѓорче Петров во портокалова боја, која треба да биде мотив и поттик за правата на жените и нивната борба за еднаквост во општеството.

Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров со сите свои капацитети и сили и во иднина ќе продолжи да се бори против овој голем општествен проблем.

Воедно сакаме да ја искористиме приликата остро да го осудиме актот на насилство за кој што читавме во медиумите дека го извршил пратеникот Костадин Ацевски од редовите на СДСМ Ѓорче Петров врз својата сопруга.

Сакаме да ги прашаме Заев и Спасовски дали имаат намера да спроведат фер истрага за пријавеното семејно насилство ?

Дали Костадин Ацевски ја злоупотребува својата позиција како пратеник и блискоста до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за да се прикријат одделни детали од истрагата ?

Зошто Костадин Ацевски ако е толку уверен во својата невиност не си поднесе оставка од функцијата како пратеник, за да не може со својата политичка и општествена позиција да делува на истрагата ?

Предупредуваме, да се води истрага согласно законските прописи во Република Македонија, и виновникот да биде изведен пред лицето на правдата и санкциониран, бидејќи со промената на власта и враќањето на правната држава во Република Македонија, истиот случај детално ќе биде ревидиран и истражен, а сторителите најстрого казнети како и сите помагатели и прикривачи над кривично дело.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...